Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lence manova plakat102.12.2015   Голем хуманитарен концерт организираат граѓаните за Ленче Манова од Кочани. Станува збор за граѓанска иницијатива чија што цел има да и се помогне финансиски на Манова и да се соберат парични средства што и се потребни за трансплантација на црн дроб.

Концертот ќе се одржи в четврток, 3 декември со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Пулс“. Цената на билетот изнесува 100 денари, а на концертот ќе настапат познатите локални групи „Шајн“, „Игуана“, „Харем“, „Кирилична поддршка“ и ди-џеј Стефано.

- Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 3 декември во „Пулс“, а целта  е да и помогнеме на Ленче Манова на која и се потребни парични средства за операција во Загреб, Хрватска.

Сакам да се заблагодарам на сите граѓани и фирми од Кочани кои несебично и од сега даруваа за Ленче. Инаку, во продажба се пуштени карти по цена од 100 денари и беџови со името на Ленче по цена од 50 денари. Ги повикувам сите граѓани да ја покажат својата хуманост и да присуствуваат на концертот, рече Марија Божинова од групата иницијатори за концертот.

Важно е да има што поголем број луѓе присутни на концертот , додаваат иницијаторите, затоа што дел од вкупниот промет што ќе го направат граѓаните во клубот „Пулс“ ќе биде наменет за помош на Ленче. Инаку, во текот на утрешниот ден карти за концертот и беџови со името на Ленче ќе се продаваат и на пунктови во Трговскиот центар и во пазарот во Кочани поставени од двете политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои се вклучуваат во донацијата и помошта за Манева.

Граѓаните кои се иницијатори да и се помогне на Ленче се заблагодарија на сите хумани луѓе и фирми кои донираа за помош на Манова и додадоа дека и по завршување на концертот сметките за донација и телефонските броеви се отворени постојано и сите хумани граѓани можат да донираат парични средства.

Може да се донира на трансакциска сметка во Комерцијална банка 300057025105481 и на телефонските броеви

За корисниците на One-075 143 350
За корисниците на Vip- 077 143 701

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code