Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nov direktor nikola karev02.12.2015  По 8-годишното работно искуство како одделенски наставник во училиштето „Никола Карев“, Благојчо Стојановски од Кочани е назначен за в.д директор на истоименото училиште. Досегашниот директор Владо Андов заминува од функцијата заради истекување на мандатот, а со училиштето раководеше повеќе од десет години.

Стојановски рече дека како раководител ќе се залага како за унапредување на наставата, така и за подобрување на инфраструктурата во училиштето.

- Моментално сум в.д директор на ОУ „Никола Карев“. Можам да истакнам дека сите активности кои во моментов се одвиваат во училиштето ќе продолжат, а мојата цел ќе биде да се подобри инфраструктурата во училиштето и наставата да се одвива на повисоко ниво. Со тоа се надевам дека ќе бидеме примамливи за родителите своите деца да ги запишат во ова училиште. И нормално соработката со сите институции во општината и медиуми ќе биде подигната на повисоко ниво и за сите активности што ќе се случуваат во училиштето граѓаните ќе бидат информирани, рече Благојчо Стојановски, в.д директор на ОУ „Никола Карев“.

Стојановски додаде наставничката функција засега не ја остава се до завршување на учебната година. Моментално е одделенски наставник на учениците од четврто одделение.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code