X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Soobrakjajka-Sliv-212.08.2013  58-годишната В.М. од виничкото село Лаки е тешко повредена во сообраќајна незгода што  се случила половина час по полноќ во близина на мотелот “Слив“ кај Виница.

Во критичниот  момент жената се наоѓала во близина на коловозот на магистралниот пат и била удрена од непознато моторно возило. Возачот, откако забележал што се случило, без да застане и да и укаже помош на жената, побегнал во непознат правец.

Извесно време по несреќата жената во бессознание останала да лежи на земја, а дури подоцна, во мракот ја забележале лица кои наишле на местот на настанот.

Веднаш била повикана итна медицинска помош, а по првичниот преглед дежурниот лекар констатирал тешки телесни повреди, заради што жената веднаш е префрлена во кочанската Општа болница.

Со оглед на сериозноста на нејзината здравствена состојба подоцна таа е однесена во Клиничкиот центар во Скопје. На местото каде што е прегазена жената бил направен полициски увид и во моментот полицијата трага по несовесниот возач.

Т. Ајтовски

Сподели

Soobrakjajka-Sliv-4Soobrakjajka-Sliv

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-3°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: North при 22 kmh
Недела-8°C/3°C
Понеделник-6°C/6°C
Вторник-1°C/11°C
Среда-3°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click