Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Secenje lenta levidiagro03.12.2015  Во кругот на поранешен „Жито ориз“ во Кочани започнува со работа нов капацитет за преработка на оризовата арпа. Станува збор за браунфилд инвестиција на турската компанија “Левидиагро“ со почетен капитал од 4 милиони евра.

Се предвидува во фабриката директно и индиректно да бидат вработени над 100 лица, со што таа ќе биде најголем капацитет за преработка на ориз во земјава.

По повод предавањето во употреба на новата фабрика се одржа свеченост, на која присуствуваа премиерот Никола Груевски и амбасадорот на Турција, Омур Шолендил, други високи турски и македонски владини претставници, членови на семејството на инвеститорот, како и останати гости.

- Македонскиот ориз има висок квалитет. Свесни сме за потенцијалот и инвестицијата е насочена за развој на оваа земјоделска гранка во Македонија. Со производниот капацитет покрај тоа што ќе го снабдиме домашниот пазар со висококвалитетен ориз, уште и ќе ни овозможи да одговориме на потребите на европските пазари. “Левидиагро“ се обидува да воспостави нови односи со земјоделците. Тука е нашата финансиска поддршка за земјоделските задруги и за нивно непречено функционирање. Вложивме средства во сопствена лабораторија за проверка на квалитетот на оризот, а наскоро започнуваме соработка со Институтот за земјоделство за заеднички контроли на квалитетот, рече Али Созер, генерален менаџер на “Левидиагро“.

Созер додаде дека компанијата бара адекватна земјоделска површина од 100 хектари што ќе се користи за производство на семе со што почетната инвестиција ќе се зголеми за 600 илјади евра, а бројката на директни вработувања ќе се зголеми за уште 50 лица.

Градоначалникот Димитровски рече дека новата инвестиција доаѓа како резултат на соработката што пред две две години беше воспоставена со Турската агенција за соработка и развој – ТИКА и институтите за ориз во Кочани и во Едрене.

- На крајот на минатиот век се распаднаа стопанските гиганти: Хартија, АТОМ, Руен. Згаснаа земјоделските задруги и комбинатот „Кочанско Поле“. За среќа, со приватизацијата еден дел од инсталациите останаа, се одржаа. „Жито ориз КО“ е еден од тие капацитети, кој еве денес во своите погони ја внесува технолошки најсовремената фабрика за преработка на познатиот кочански ориз, „Левидиагро“, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Премиерот Груевски рече дека “Ливидиагро“ е една од странските инвестиции што биле ветени дека ќе се реализираат во Кочани,а кои треба да помогнат за економскиот развој на регионот.

- Новата фабрика претставува почетна инвестциија од 4 милиони евра и во регионот носи најсовремена технологија за преработка на ориз во Македонија. Радува фактот што новата фабрика се стреми да го зголеми производството на ориз во овој регион, да го зголеми квалитетот, применувајќи високи европски стандарди на производството, да го зголеми извозот од Македонија и на тој начин да го врати кочанскиот ориз на старите европски пазари како висококвалитетен македонски бренд, како што и самиот сопственик кажа, она што некогаш претставуваше кочанскиот ориз. Она што е посебно важно е што “Левидиагро“ повторно ги активира халите на “Жито ориз“ од Кочани кои после транзицијата во најголем дел не беа искористени, рече Никола Груевски, премиер на Република Македонија.

Капациетот на “Левидиагро“ веќе започнал со склучување на договори за откуп и преработка на поголеми количини од овогодишната реколата. Според менаџерскиот тим, во фаза на финализација биле договори за извоз на македонскиот ориз во Србија, Косово, Албанија и Турција.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 121 гости и нема членови


web counter



qr code