09.12.2015 Продолжува граѓанската иницијативата што ја започнаа музичарите од Кочани за собирање хуманитарна помош за нашата сограѓанка Ленче Манова.
Со цел да го поддржи нејзиното лекување, Општина Кочани ќе организира хуманитарен концерт на кој ќе настапи македонската етно-група „Монистра“.
Концертот ќе се одржи в петок, на 11 декември во Центарот за култура „Бели мугри“ со почеток од 20 часот. Билетите по цена од 150 денари веќе една недела се пуштени во продажба, а заинтерсираните можат да ги набават во кафе-барот „Класик“ во Трговскиот центар и во ресторанот „Пролет“. Општина Кочани ги повикува сите граѓани што имаат можност да го проследат концертот и да помогнат во спасувањето на младиот живот на Манова.
Неодамна музичарите од Кочани организираа концерт што се одржа во ноќниот клуб “Пулс“, а на кој настапија локалните музички групи и поединци. Собраните пари од продажбата на билетите тие ги донираа за медицинската операција на Манова, што треба да се реализира во Загреб, Република Хрватска.
Т. Ајтовски