Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

SOOBRAKAJKA2216.12.2015  Три возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случила на магистралниот пат Делчево – Штип, а чиј епилог, освен материјалната штета е и едно потешко повредено лице.

Според полицискиот билтен, несреќата се случила во близина на влезот на Кочани, кај објектиоте на поранешниот комбинат “Кочанско Поле“. Во неа учествувале товарно возило „ман“, управувано од 31-годишниот Т.К. од Кочани, патничко воозило „пежо“, што го управувал 48-годишниот Н.А од Виница, како и комби возило марка „фиат добло“, во кое се наоѓал 32-годишниот возач Д.А. од село Липец.

Во незгодата најлошо поминал возачот на патничкото возило кој се здобил со напукнување на 6-тиот вратен пршлен, поради што му била укажана медицинска помош.

Заради натамошно испитување и санирање на повредите тој бил задржан на лекување во кочанската Општа болница.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица - Кочани, чиј наод треба да даде одговор како дошло до несреќата.

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code