Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sane2 beli23.12.2015  Наместо благодарност за честењето во кафеана, 33-годишниот Сане Трајчев од село Бели добил ќотек од лицата со кои седел на иста маса, по што тие му ги украле и остатокот од парите.

Популарниот К-15 што Трајчев го зел во понеделникот ги мотивирал познаниците да го повикаат да им плати пијачка, ветувајќи му дека потоа ќе го однесат дома. Но, автомобилот наместо кон Бели, свртел во правец на Пониква и на патот нaд селото тие го почнале да му се закануваат.

Иако се работи за лице со посебни потреби напаѓачите немале милост, а при нападот му нанеле видливи повреди по лицето и телото. На асфалтот каде што Трајчев бил тепан се гледаат траги од крв.

- Ме удираа тука, по рацете, по грбот, плус на плешката позади, на рамото, позади на грбот. Пари, 6.500 денари, ништо, ги нема парите, осетив уште кога прескокнав преку браникот кога бегав од нив, тие се затрчаа по мене, и ништо од пари, тие ги земале парите, тоа е веројатно, рече Сане Трајчев.

Трајчев успеал да побегне преку оградата на патот, по што исплашен се упатил во домот на неговата сестра, каде ја поминал ноќта. Тврди дека пред да го нападнат, тројцата со кои бил во автомобилот го принудувале да запали цигара.

- И тие кога излегоа од колата пушеа некаков вид тутун, они го правеа, мене ме тераа да пушам. Култура ли е тоа тие да мотаат и мене да ме тераат цигари да мотам, а тоа не беа цигари, туку марихуана и некоја голема штета, и јас не сакав такви цигари, додава Трајчев.

Се уште под влијание на она што му се случило, Трајчев рече дека правдата ќе ја бара на суд, а заштита ќе побара и од Центарот за социјални работи во Кочани. Жителите на Бели рекоа дека нивниот соселанец е мирен и неагресивен, а ноќта кога се случил нападот никој не слушнал ништо.

Настанот веќе е пријавен во полиција од каде се работи на расчистување на случајот.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code