Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

arsic323.12.2015  На партија табла со пријателите и познаниците, како што тоа го прави секој ден, и на овој 23 декември Јордан Арсов од Кочани скромно го одбележа својот 98-ми роденден.

Споменувањето на името и презимето на многумина им звучи вообичаено, но кога ќе се додаде прекарот Арсичо, тогаш соговорниците знаат за кого станува збор.

Во дворот на семејната куќа во Стришани, на скржавото сонце од вториот зимски ден, ги покажуваше старите фотографии од времето кога бил многу помлад. Се присетува на периодот кога започнал да работи со пар коњи за да им помага во превозот на своите сограѓани, а потоа се вработил како продавач во прехранбена продавница.

Вели дека сеќавањето се уште добро го служи, иако видот и слухот веќе попуштиле.

- Годините се тоа, 98, тоа се години. Јас ги гледам на 40-50 години, тие одвај одат, а камоли јас. Триесет и седум-осум години сум во пензија, од 60-годишна возраст, а до 98, триесет и осум години сум во пензија. Продавач бев 19 години, по две плати земав, по две плати секој месец. Гужва, се гужва беше во продавницата, многу промет правев, сите беа збркани во “Нова Трговија“ од каде толку пари. Еден викаше - од дома ги носи за да земе две плати, рече Јордан Арсов – Арсичо.

Арсов живее сам. Имал помлади брат и сестра, но тие одамна починале. Нема веќе ни другари врсници, па единствено хоби до пред некоја година му било одгледувањето папагали.

- Нема никој, не ми помага, зетот доаѓа тука, помага, зетот, инаку никој друг. Триесет години и повеќе живеам сам. Земав по две плати од папагали, две плати од станари, две плати од камата и една плата моја, седум плати кога отидов во пензија.  Папагалите ги ликвидирав, оти не може, додека си млад ќе ги чуваш, инаку не може, додава Арсов.

Арсов вели дека во текот на животот немал никакви здравствени проблеми, а кај лекар не отишол никогаш. Сега времето го поминува во клубот на пензионерите со приказни за минатото што им ги раскажува на помладите од себе.

Се надева дека здравјето добро ќе го служи и не покани повторно да го посетиме на 23 декември по две години, кога ќе го слави 100-от роденден. Ветивме дека поканата ќе ја исполниме заеднички.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code