Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nsdp izborno sobranie28.12.2015  Во саботата Општинската организација на НСДП – Кочани го одржа четвртото Изборно собрание на кое се одлучуваше за раководните партиски структури на локално ниво.

За претседател на локалниот огранок на партијата беше избран Сашко Стефановски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, а делегатите едногласно и ја дадоа поддршката на Рајна Пешовска – Јосифова за претседателка на организацијата на жените ма партијата.

Исто така беа избрани и членовите на Извршниот и Надзорниот одбор, за што сите предложени кандидати добија едногласна поддршка.

На изборното собрание присуствуваше и лидерот на партијата, Тито Петковски, кој е оптимист за работата на партиските органи во Кочани.

- Новата година да ја почнеме со нова надеж, што велат луѓето со многу поголем оптимизам, со очекување дека годината ќе им донесе многу поголема извесност и многу подобри моменти, како и нам како партија се разбира. Смислата ја има да и биде подобро на партијата и на државата во која дејствува таа политичка партија. Дали тоа ќе се случи, не знам, зависи од многу фактори, но клучното е да се надеваме дека до 15 јануари клучниот аргумент што треба да се случи околу извршувањето на договорот од Пржино е да си замине премиерот, односно објективно очекуваме тоа да се случи до 10-ти за да може до 15-ти Македонија да има нова влада, рече Тито Петковски, претседател на НСДП.

Во обраќањето до присутните на Изборното собрание Петковски кратко се осврна и на актуелната политичка состојба во Македонија. Притоа, рече дека премиерот Груевски е главен виновник за лошиот рејтинг што државните органи го имаат дома, но и во странство.

- Односот на меѓународната заедница никогаш не бил понегативен и покритички кон оваа власт, а мислам дека и дефинитивно сфатија дека не можат да аминуваат се што се случува во државата. Но, јас многу не полагам надеж во меѓународната заедница, бидејќи тие делуваат како пожарникари, гасат пожар, локализираат и си заминуваат. Тие на никого не направиле куќа, па не очекувам ни Македонија да ја направат куќа, така што останува ние нашата куќа, нашиот дом ние сами да си го направиме, додава Петковски.

Според Петковски, се создава доволно критична маса и во државата и кај меѓународниот фактор во април да има избори што би биле објективни и Македонија да започне период во кој треба да се консолидира од финансиски, социјален, економски и секој друг вид демократски аспект. Ако тоа не се случи, нагласи тој, државата ќе доживее потреси што никој нема да може да ги контролира.

T. Aјтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 320 гости и нема членови


web counter



qr code