13.08.2013 32-годишниот Б.Д. од Облешево во понеделникот сосема ја изгубил контролата во сопственото однесување и се заканувал дека ќе убие својата пријателка.
Во видно алкохолизирана состојба, по краткотрајна меѓусебна расправија што се случила на средба што ја имале во Штип, тој физички ја нападнал 29-годишната Е.П. од Свети Николе. Обидувајќи се да докаже дека правдата е на негова страна, во еден момент извадил пиштол и почнал да се заканува дека ќе го употреби.
Смртно преплашената пријателка сепак успеала да се извлече и да повика полиција.
Во официјалнот известување од МВР се вели дека разбота на расчистување на случајот, по што ќе бидат преземени соодветни мерки.
Т. Ајтовски