Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz vreki04.01.2016  Нема многу надежи за подобрување на економската состојба на производителите на ориз од Кочанско на почетокот од оваа година. Откупните цени што им се нудат за да ги предадат количините од последната реколта се премногу ниски и не ги покриваат ниту минималните трошоци за производтство.

Затоа наместо да го продадат и да земат некој денар за отплаќање на натрупаните долгови, принудени се оризот да го чуваат дома.

Дополнителен проблем, велат оризопроизводителите, е што и откупот воопшто не функционира, па сите се во состојба на неизвесно исчекување.

- Арпата оди слабо, 20 денари, а белиот ориз е 40 денари, не даваат повеќе. А и со откупот е слабо, откуп нема. Барем 60 денари да биде најниска цена, под 60 да не е подолу, белиот мислам, арпата од 25 -30 треба да биде, рече Методи Јованов, земјоделец од Соколарци.

- Ни донесоа некои семиња што ги сееме сега, а ги откупуваат по ниски цени, влажноста ја гледаат, многу влага има и луѓето се разочарани од тоа, па околу 85 проценти е во амбарите, нема дадено никој, 5 посто немаат дадено, 85 проценти има во амбарите сигурно, рече Бранко Митев, земјоделец од Соколарци.

Оние што продале дел од количините ориз што го ожнеале минатата есен велат дека тоа го прават затоа што се принудени да дојдат до некаква сума пари со која би отплатиле дел од репроматеријалите што ги набавиле на вересија. Дополнителен проблем им е и рандманот, за што сметаат дека има и субјективно влијание.

- Луштарите толку го белат оризот, викаме дека бараме интегрален ориз, односно здрава храна. Затоа не треба толку да се лупи, а тие го лупат и на крај рандманот дојде на 35 до 45 посто, максимално 50. Тогаш кога тој рандман ќе го ставиш на 40 денари откуп со белиот, и што реков претходно, скапите препарати, нафта, ѓубрива, за псркање, земјоделецот е дојден до толку што некојпат треба да ја продаде земјата за да опстане да живее, рече Тоде Стоилов, земјоделец од Чешиново.

Стоилов додава дека неповолните услови за производство на ориз, посебно со откупот и пласманот, се повеќе ги доведува младите производители во ситуација да ги напуштаат нивите и да бегаат во странство. Тоа може да го доведе во прашање производството на храна, што е проблем не само во кочанскиот регион, туку и во целата држава.

T. Aјтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code