Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

REGISTRACIJA VOZILA nalepnici112.01.2015  Жолта налепница со впишана 2015 година добиваат сопствениците на моторни возила кои ги регистрираат за наредните 12 месеци. Наместо нови, со поинаква боја од досегашната, службените лица на местата каде се врши техничкиот преглед и регистрирањето издаваат стари налепници по цена од 60 денари, само со нов сериски број.

Образложението е дека надлежните немаат испечатено нови кои што за 2016 година било планирано да бидат со сина боја.

Таков е случајот не само за возачите од општина Кочани, туку на ниво на цела држава, но повеќе информации каде настанал застојот за сега не можат да се добијат.

Единствениот совет е и покрај недоразбирањето што може да се појави во практика, добиената жолта налепница да се залепи веднаш до онаа со иста боја на која и поминала важноста. Со тоа службените лица на МВР не ќе мораат да го проверуваат секое возило во сообраќајот дали е регистрирано, бидејќи потврда за регистрацијата ќе се добие преку налепницата која е истакната на видно место, што претставува решение по европски терк.

Практиката при регистрација на моторните возила полициските станици да издаваат налепници за извршен технички преглед и платени давачки започна пред две години. Таа почна да се применува со измените во Законот за возила што Владата ги усвои уште во 2012 година.

Налепниците за возилата регистрирани во текот на 2014 година беа со црвена, а минатогодишните со жолта боја. На секоја од нив има посебно означено поле за месецот кога е извршена регистрацијата. Исто така, има и сериски број што е единствен за секое возило, односно налепницата е воведена во евиденција според бројот на регистерската табличка и другите податоци за возилото. Тоа значи дека за учество во сообраќај на патиштата освен што возилото треба да биде регистрирано, да има важечка сообраќајна дозвола и пропишани регистарски таблици, тоа треба да биде означено и со налепницата за извршена регистрација.

Т. Ајтовски

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code