Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sonja andonovska13.01.2016  Соња Андоновска е новиот директор на Центарот за социјални работи во Кочани. На новата функција е назначена од 11 јануари и засега е поставена за вршител на должноста.

Андоновска е дипломиран економист за стручна работа и сметководство, која што на новото работно место доаѓа по 26-годишна работа во Центарот од 1989 година. Работниот ангажман и е како контролор од правата на социјална и детска заштита, финансирање и сметководство.

Андоновска рече дека како прв човек на институцијата ќе се залага работата во Центарот да продолжи со ист континуитет и непречено согласно законските одредби.

Досегашната директорка Весна Даневска со институцијата раководеше три години и од Министерството за труд и социјала доби решение за разрешување пред истекот на мандатот од четири години.

Инаку, Министерството за труд и социјала ги замени раководителите на 15 институции под негова надлежност, од кои 12 се директори на Центри за социјална заштита.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 204 гости и нема членови


web counter



qr code