Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

humanitaren koncert po pateki na tose14.01.2016  По трите успешно организирани хуманитарни концерти, Тоше Илиев од Кочани организира уште еден концерт под наслов „По патеките на Тоше“. Овој пат собраните средства ќе бидат наменети за нашиот сограѓанин Методи Митев на кој му се потребни средства за неопходната операција во Кина.

На концертот ќе настапат познати музички имиња од Кочани и македонската естрада.

- Сакам да ја информиран јавноста дека оваа година на 25 јануари на роденденот на Тоше Проески го организирам традиционалниот концерт „По патеките на Тоше“.

Собраните средства ќе бидат наменети за помош на Методи Митев. На концертот ќе настапат познати македонски пејачи како што се Коки и тајфа, Бојан Андов, Оливер Стаменков, Дарко Тоневски, Даниел Савиќ, Криптон, Канго и многу други. Морам да истакнам дека досега организираните концерти се доста успешни и луѓето на кои им помагавме се многу задоволни, рече Тоше Илиев, организатор на концертот.

Илиев додаде дека доста фирми од Кочани ја покажале хуманоста и овој пат донирале спонзорство за организација на концертот. Претходните три концерти кој ги организираше амбициозниот Илиев, на кој Тоше Проески со хуманитарен концерт му помогна кога беше мал и кога му беа потребни пари за операција, беа наменети за помош на Даниел Митков, семејството Димитрови од село Бели и за малиот Петар од Кочани кој сега е здрав и безгрижно расте благодарение на операцијата за која на ваков начин беа собрани средства.

Концертот ќе се одржи на 25 јануари во спортската сала кај Гимназијата во Кочани во 20 часот. Цената на влезницата е 100 денари.

Т. Велкова

Share

©2015 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code