19.01.2016 Дејан Манасиев од Виница годинава прв пат скокаше по светиот крст на празникот Водици и успеа да го извади од осветените води на Виничка Река. Заедно со него скокнаа уште 13 кандидати, но тој беше најбрз и најснаодлив, па без проблем го фати крстот во студената вода.
Кај месноста Ширината се собраа многу православни верници кои и покрај тоа што температурата на воздухот се спушти на 6 степени под нулата дојдоа да го проследат водосветот и чинот на скокањето во реката.
Манасиев само кратко одговори дека посакува меговата среќа да ја пренесе на сите граѓани.
- Сакам на сите граѓани на општина Виница да им посакам здражје, живот и среќа, рече Дејан Манасиев.
Вообичаено по повод празникот Водици, Општина Виница доделува подарок за најсреќниот. Лаптоп компјутерот му го врачи градоначалникот Емил Дончев при што му посака здравје и среќа.
- Според верувањата кога ќе замрзнат водите каде што се фрла светито крст значи дека та година луѓето ќе имаат многу здравје и среќа. После девет години ова се случува повторно и според верувцањата оној што ќе го фати крстот ќе има многу среќа и здравје уи успех оваа година. Сакам на среќниот Дејан Манасиев, да му посакам, нему и на неговата фамилија, многу здравје и среќа, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.
Освен Општината, подарок за Манасиев обезбеди и православниот храм “Св. Архангел Михаил“. Наместо златно синџирче, како досега, најсреќниот доби Библија.
- Бог се јави, навистина се јави. Во слава и чест на празникот Богојавление му подаруваме Свето писмо на Дејан Манасиев кој го извади светито крст од светите води на Виничка Река. Честито и благословено 2016-то лето Господово, рече отец Бранко Богданов.
Поради замрзнатата вода на Виничка Река, дел од верниците кои скокаа по светиот крст се здобија и со мали исеченици по телото што им ги нанесе остриот мраз. Сепак, сите беа едногласни во надежите дека големиот христијански празник во текот на претстојната година на сите ќе им донесе многу здравје и среќа.
T. Ајтовски