Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

TERANCI VODICI 201619.01.2016  Бобан Митров од Спанчево беше најуспешен меѓу дванаесетте православни верници од општина Чешиново - Облешево кои скокнаа по светиот крст во водите на Брегалница.

Централниот настан на одбележувањето на празникот Богојавление се одржа на мостот кон селото Теранци каде се собраа поголем број граѓани од ова и другите населени места.

Пресреќен што во мешаницата прв успеа да дојде до крстот Митров рече дека очекува здравје и среќа за себе и за најблиските.

- Среќа на нас, на другарите, оваа година на нас ни излезе да го фатиме. Нека е со среќа, нека дава Господ здравје, рече Бобан Митров

Митров доби подароци од Македонската православна црква, како и од општина Чешиново-Облешево што лично му ги предаде градоначалникот Костадин Личков.

- Бобан од Спанчево го фати крстот, му посакувам многу среќа, здравје, љубов и се најубаво во животот. И на сите граѓани на општина Чешиново-Облешево им посакаувам среќа, здравје, љубов и Свети Јован нека ни е напомош, рече Костадин Личков, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Пред чинот на водосветот верниците лицитираа за светиот крст, при што почетната цена од 1.000 се искачи на 3.500 денари. Одбележување на празникот Водици се одржа и во другите населени места во општината.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code