Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

traktor3.jpg

03.06.2013  Само 47 возачи на трактори самоиницијативно или при контрола на сообраќајната полиција извршиле технички преглед на возилата. Иако таквата можност им се нудеше бесплатно, тие покажале недоволен интерес да проверат во каква состојба е механизацијата што ја управуваат.

Од извршените контроли на терен од страна на сообраќајните полицајци забележано е дека околу 80% од тракторите што се движат по јавните шатишта во кочанскиот регион се регистрирани. За поголем дел од останатите, за кои претходно имало проблем со документацијата, е започната постапка за легализација.

Во периодот од 21 до 31 мај Полицискта станица – Кочани ја спроведе прецвентивната акција “Безбедно управување со трактор и земјоделска механизација“ со цел оваа категроја возила да се доведе во технички исправна состојба со што ќе се обезбеди безбедно учество во сообраќајот на патиштата.

Во овој период во станиците за технички преглед и на терен беше вршена бесплатна контрола на тракторирте, при што посебно вниамние имае исправноста на уредите за упшравување и сопирање, како и свестлосната сигнализација. Сите трактористи кај чии возила беа откриени дефекти, добиваа писмено предупредување истите да ги остранат. Исто така поделени беа околу 150 информативни флаери за запознавање со можностиоте што им се нудат со акцијата.

Од сообраќајната полиција ги предупредуваат возачите дека по издадените писмени потврди треба да ја отстранат техничката неисправност кај тракторите. Освен тоа ги повикуваат почесто да ги користат земјените полски патишта што ги поврзуваат селата покрај магистралниот патен правец Штип – Делчево. За непочитување на сообраќајните правила и прописи од 5 јуни сообраќајците ќе преземаат поригоризни канзени мерки кон сите возачи на земјоделска механизација чија исравност нема да ги задоволи законските одредби.

Т. Ајтовски

Сподели

traktor1.jpg

traktor2.jpg

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code