Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kurs SMETKOVODSTVO225.01.2016  На крајот од минатата недела започна основниот курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.

Курсот е бесплатен и е наменет за сите заинтересирани дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, што сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците.

Во текот на обуката учесниците ќе добијат бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство.

Предавач е Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметкводител од Министерството за финансии.

- Предавањето конкретно ќе содржи практични примери од сметководство, со придружни работи затоа што за да се биде успешен сметководител не е потребно да знаете само сметководство и економија, мора да имате познавање и од информатика, од право и слично, рече Васе Коцев, предавач на курсот.

Коцев вели дека идејата за одржување на курсот се појавила уште пред две години, но сега, со помош од Локалната самоуправа, била овозможена практичната реализација. Оценка е дека новините што ќе бидат претставени на обуката ќе им помогнат на лицата кои имаат извесни познавања од сметководството и економијата да добијат и практични познавања од оваа област.

- Имаме ние кадар премногу, имаме економсити премногу, но имаме проблем во образованието, затоа што се уште немаме соодветна пракса за тие лица. Тоа е најголем проблем и ќе видиме како ќе се одвива сето ова и може да биде мотив и за во образованието, додава Коцев.

Според информацијата од Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, во краткиот рок за пријавување бил покажан голем интерес, така што наместо една, формирани се две групи. Предавањата се одржуваат во просториите на СОУ “Љупчо Сантов“, а се планира курсот да трае до крајот на март, при што ќе се одржат наставни 24 часови.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code