Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voz kocani01.02.2016  Подобрување на поврзаноста на локално ниво во источниот регион планираат од “Македонски железници“, а доколку не се појават непредвидени потешкотии целата постапка би требало да се реализира во текот на оваа година. Според предвидувањата на одговорните, би требало да се воведе редовна патничка линија од Кочани до Штип и обратно.

Директорот на “Македонски железници“, Никола Костов вели дека од поодамна имало барања од граѓани на Кочани, па по почетните анализи се дошло до заклучок дека линијата може да стартува по најавената модернизација на железничкиот сообраќај. 

Ваквата можност би обезбедила поевтин транспорт за вработените во фирмите во двете општини, но и за студентите од градовите кои гравитираат овде.

- Во текот на оваа година ќе пуштиме посебни возови што ќе бидат исклучиво наменети за патниците на релацијата Кочани - Штип, односно Штип - Кочани, бидејќи огромен број млади луѓе кои учат и студираат во Штип, и вработени кои работат на релација Кочани - Штип и обратно ќе имаат прилика да се возат само на овие две дестинации до Кочани и Штип. Тоа ќе го направиме, ќе го реализираме во текот на оваа година, рече Никола Костов, директор на ЈП “Македонски железници -Транспорт“.

Според Костов, веќе се прават подготовките за релацијата од Скопје до Кочани да се воведат нови возови. За локалната врска меѓу Штип и Кочани пак, исто како и во целата држава, за младите ќе важат поволностите за користење на железничкиот превоз.

- Сите овие бенефиции кои ќе ги имаат сите граѓани на Република Македонија ќе ги користат и граѓаните, односно патниците од источниот дел на Македонија, тоа пред се ќе бидат з оние од од Штип и Кочани, а пред се интерес ќе имаат младите луѓе кои ќе ги имаат тие бенефиции, со оглед на тоа што Владата на Република Македонија во текот на оваа година одобри од 1 март користење на бенефициите за младите луѓе за секоја трета недела да можат да патуваат бесплатно, додава Костов.

Податоците со кои располага универзитетот „Гоце Делчев“ покажуваат дека локалната железничка линија меѓу Штип и Кочани би ја користеле над 460 редовни студенти. Освен нив, потенцијални корисници на превозот се и големиот број лица кои се вработени во фирмите и институциите во двата града. Исто така, можност за поевтин превоз би имале и останатите граѓани, па и учениците кои имаат потреба почесто да патуваат на овој начин.

Диретектот на “Македонски железници - Транспорт“ најавува дека идната година се планира и железничките станици во Кочани и Штип да влезат во планот за реконструкција и модернизирање.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code