Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ogrevni drva02.02.2016  Здружението на пензионери - Кочани во 2016 година нема да врши упис и уплата за огревно дрво. Така стои во дел од соопштението што од први февруари е истакнато во просториите на Здружението.

Извршниот одбор на кочанското здружение донел таква одлука врз основа на јавниот повик за интерес објавен од Управата на ЈП „Македонски шуми“ во кој децидно е наведено дека во 2016 година огревните дрва нема да се транспортираат до местото на живеење и домување на пензионерот.

Има напомена дека сите заинтересирани субјекти ќе треба огревните дрва да си ги подигнуваат од шумскиот склад, односно од местото на сечење и складирање и сами да си го решаваат проблемот со превозот на дрвата. Ова се тешки и неприфатливи услови за пензионерите, така што Извршниот одбор на кочанското Здружение на пензионери морал да донесе таква одлука.

Ова во разговор го потврди и претседателот на Здружението, Ѓорѓи Серафимов, кој рече дека одлуката важи за сите пензионери, и за тие кои не запишале, и за оние кои во текот на првиот ден од уписите се запишаа за огревно дрво.

Инаку, Здружението на пензионери на Кочани ги направи сите напори да може да се најде одреден компромис или заеднички прифатливо решение што ќе биде од корист и на двете страни, но по неуспехот да се договорат, одлучиле да не извршуваат упис и уплата.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code