Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

metodi mitev203.02.2016  Методи Митев од Кочани, коj боледува од хередитарна параплегија и кој деновиве собираше помош од хуманите граѓани за потребната операција во Кина, упатува уште еден апел во врска со, како што вели, изнесените шпекулации во јавноста дека наводно тој си поигрува со граѓаните и собира средства за други цели, а не за лекување.

- Почитувани мои сограѓани, сакам да упатам еден апел и јавно да ве известам сите дека во Кочани се шпекулира за мене дека наводно сум глумел за болеста и дека гледам само да дојдам до пари и дека документите што ги прикажувам ми биле фалсификат.

Затоа сакам да упатам еден апел до сите граѓани да не подлегнуваат на тие невистини што ги слушате за мене. Мене навистина ми се потребни пари за операцијата во Кина, од каде што ми гарантираат дека повторно ќе застанам на нозе, рече Методи Митев.

Шпекулациите, вели Митев, му направиле голем проблем. Резултирале со одбивање и повлекување на луѓето и фирмите кои досега финансиски му помагале, со одговор дека ја изгубиле довербата во него. Ова го потврдува и матичниот лекар на Митев, д-р Јованка Алексова која од почетокот на болеста е запозната со неговиот проблем и состојба.

- Сакам да му помогнеме да Митев да се снајде во оваа, би рекла, неблагодарна состојба во која што се наоѓа, но сакам и да споменам дека шпекулациите делуваат и врз неговата психичка состојба затоа што веќе ја губи и позитивната енергија која што ја поседува, а знаете дека он самиот со помош на одредени луѓе ги организира сите хуманитарни активности за помош. Кај него болеста се ширеше многу брзо, имаше и силни болки, но тој со неговиот оптимистички дух што го поседува се бори и бара решение за неговата состојба. Доби и позитивен одговор од Кина што му даде дополнителна сила да се вклучи и да организира хуманитарни активности за собирање средства за операцијата, рече д-р Јованка Алексова, матичен лекар.

Инаку, Митев е благодарен и на државата што му ги пружила сите неопходни средства што го следуваат, помош за нега и мобилност, а пред неколку дена му била одобрена и инвалидска пензија. И понатаму се надева дека озборувањето меѓу луѓето нема да му наштети на неговата психичка состојба и во силата да може да ги собере потребните средства за операцијата.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 156 гости и нема членови


web counter



qr code