Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

karcinom3 dojka04.02.2016  Секојдневно расте бројката на лица со дијагностициран карцином. Статистиките покажуваат дека се намалува и старосната граница, па се почесто заолуваат млади лица.

Карциномот подеднакво се појавува и кај мажите и кај жените. Кај понежниот пол најчесто се јавува на дојката и на грлото на матката, додека кај мажите најчесто е на дебелото црево и на белите дробови.

- И кај двете групи и кај мажите и кај жените имаме благ но константен пораст на малигни заболувања. Најчест е карциномот на дојка кај жените, а кај мажите на дебелото црево и белите дробови, рече д-р Слободан Рогач, патолог во Клиничка болница Штип.

Во Општа болница - Кочани откако е донесен мамографот за дојка што опслужува цел регион, направени се 120 мамографски прегледи и исто толку ехо прегледи. Во приватната здравствена установа “Нирвана хирургија“ пак, во 2015 година се направени 3.375 прегледи од кои на биопсија се испратени 188, а од нив 69 се новооткриени карциноми. Д-р Митко Ристов, специјалист од оваа област вели дека секоја година само во оваа хируршка ординација се откриваат над 60 нови случаи на карцином на дојка, што е поразителна бројка.

Лекарите велат дека најчести ризик фактори за заболување на карцином на дојка се наследниот фактор, генските промени, личната историја на пациентката, зрачењето во млада возраст, а во превенцијата од болеста ги насочуваат здравиот начин на живот и исхрана, самопрегледот на дојките и најважно редовните контролни прегледи кај специјалист.

Годинава 4 февруари светскиот ден за борба против карциномот се одбележува со кампања насочена кон подобра информираност како и едукација за зголемена свесност за превенција од малигните заболувања. Праксата укажува дека добар дел од заболените своите први прегледи ги прават во поодмината фаза.

-Намалување на возрасната граница има. Порано карциномот на дојка се јавуваше над 40 годишна возраст, но денеска се појавува и кај средношколци под 20 години. Мислам дека во нашата држава недостасува здравствената едукација кај населението. Голем е бројот на пациенти кои што доаѓаат во понапреден стадиум на болеста, а за карциномите е важно ако се откријат во раниот стадиум бидејќи тогаш терапијата е подобра, како и преживувањето и ремисиите се подобри, за разлика од тоа што они се јавуваат многу покасно кога веќе и онколошката терапија не може да помогне, рече д-р Лилјана Костовска.

Инаку, во источниот дел од државата има само три мамографи што функционираат и тие се во Кочани, Пехчево и Берово. Од кочанската болница информираат дека од 1 март ќе започнат да прават и мамографски скрининг прегледи преку кои жените над 45 години ќе бидат повикувани на преглед со цел превенција на малигни заболувања.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code