Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

krivicna za drva08.02.2016  43-годишниот Гоце Јангелов од село Мородвис ќе одговара за кражба на дрва од неговата сопствена нива. Имено, крадци му украле 4 метри просторни дрва и откако тој ги пријавил во Шумската полиција, оттаму му рекле да си ги собере двата метри просторни што крадците ги оставиле.

Кога отишол на нивата тие веќе биле исечени од страна на крадците, па тој само ги транспортирал до дома. Но, шумската полиција му направила записник за нив и му ги одзела затоа што ги однел без извадена дозвола за пренос на дрва како што налага законот.

И сега Јангелов останува без дрва, со пријава дека ги украл од сопствената нива.

Вели, ако постапи согласно законот да вади дозвола ќе се одолжи времето и крадците ќе му ги однесат и преостанатите два метри просторни што си ги подготвиле.

- Пред една недела, поминувајќи со овците од тука, го видов детето кое е малолетно како ги краде дрвата и го предупредив да не ги краде. Отидов кај татко му и реков да ми ги даде оние дрва кои ми ги украдоа претходно. Откако не ми ги даде, јас веднаш го пријавив во шумска полиција од каде што ми рекоа дека детето било малолетно и не можеле ништо да сторат. Ме упатија да си ги исечам оние дрва кои останале или ако веќе се исечени од крадците да си ги пренесам дома. Јас си ги донесов дрвата, но следниот ден ми дојде Шумска полиција и ми направи записник и ми ги земаа дрвата затоа што не сум ги пренел дрвата со претходно извадена дозвола за пренос на дрва. Јас ако чекав дозвола да вадам тогаш и тие дрва што беа останале ќе ми ги украдат, рече Гоце Јангелов.

Сега Јангелов правдата ќе ја бара на суд, затоа што како што вели, не е виновен и лесно ќе докаже дека дрвата се негови. Тој бара и крадците да одговараат за украденото, оти тие секојдневно крадат дрва и од други места и добро и се познати на Шумската полиција.

- Крадците не крадат само тука. Направија пустош низ целата шума. Не знам како да наречам дека ова е село без кучиња. Сега крадците се во право, а другите се виновни, додаде Јангелов.

Од Шумската полиција - Кочани велат дека вработените постапиле само согласно законот, односно му направиле записник на Јангелов оти нема извадено потврда дека треба да превезе свои дрва до дома и затоа му ги одзеле и тие два метри просторни.

Од полицијата потврдија дека не е прв ваков случај на измама и крадење. Крадците оперираат секојдневно, а Шумската полиција работи на терен и постојано ги лови.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code