09.02.2016 8 натпреварувачки од кои три за гран-при се пријавени за учество на овогодишната манифестација “Вешта жена“ што ќе се одржи на 20 февруари во ресторанот “Амор“. Освен големиот интерес за учество, жените од Кочани покажале и голема заинтересираност за присуство и до сега се продадени околу 400 влезници.
- „Вешта жена“ годинава ќе се одржи на 20 февруари во 18 часот во ресторанот „Амор“. СЕ одлучивме за овој нресторан затоа што имаме голем интерес и за учество и за следење на манифестацијата. Ќе се натпреваруваат 8 жени од кои пет се за „Вешта жена“ а три за гран-при награда, а досега имаме продадени 400 карти. Годинава „Вешта жена“ слави 25 години од своето постоење и затоа има издадено и книга во која се содржат слики и рецепти на јадења од вештите жени, рече Марија Мишева, организатор на „Вешта жена“.
Учесничките се натпреваруваат во повеќе категории декорација на десерт, главно јадење, аранжирање на салфета, општ впечаток и цветни декорации. Жените ќе ги забавува групата „Хармонија “ а водител ќе биде Ирена Спировска. Цената на влезницата и годинава не е променета и изнесува 400 денари со вклучена вечера.
Кочанските претставнички досега добро го претставува својот град на републичката манифестација. Имаат донесено повеќе први награди во категориите декорирање на маса и за декорација на главно јадење и десерт.
Т. Велкова