Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest sumsko10.02.2016  Мирен протест пред просториите на Шумската полиција во Кочани организираа група граѓани од Мородвис со цел да се прекинат неправдите во врска со бесправната сеча на дрвјата, со посебен акцент за поддршка на нивниот сограѓанин Гоце Јангелов на кој пред неколку дена му ги украдоа дрвата, а пријава за бесправна сеча наместо крадците доби тој.

Бараат правдата да излезе на виделина и да се фатат вистинските крадци на дрвата, а не да се казнува невин човек.

- На протест дојдовме со една единствена причина, да дадеме поддршка на нашиот сограѓанин Гоце Јангелов бидејќи е направена неправда во врска со бесправно сечење на дрва од негова меѓа. Тоа е честа појава во Општина Зрновци. Сторителите се познати на полицијата, но не знам зошто не се дејствува врз нив. Факт е дека и по опомени упатени кон прекршителите, сепак постапката за фаќање на сторителите затајува и тие луѓе уште оперираат. Овој протест е мирен за поддршка на Јангелов, затоа што ми имаат украдено дрва но институциите се уште не ги казниле сторителите на делото. Сега тој си доби пријава и ќе оди на суд затоа што си ги спасувал од крадење сопствените дрва. Ова не е единствен случај на крадење дрва. Постојано се краде дрва, можам да кажам дека и на мене ми имаат украдено дрва и на сите овие луѓе кои протестираат. Се прави вистински пустош, рече Благој Николов од Зрновци.

За судбината на Гоце Јангелов сепак последниот збор ќе го има судот.

- Мислам дека институциите не си ја вршат доволно работата и сега јас морам да се соочам да суд и да ја барам правдата таму. Со адвокат и докази треба да докажам дека правдата е во мои раце. Јас сум виновен што не сум извадил дозвола за пренос на дрва, но јас ако вадев таква дозвола, ќе поминеше доста време и крадците ќе ми ги украдеа и преостанатите дрва од местото, рече Гоце Јангелов од село Мородвис.

По 40-минутното сослушување на луѓето, одговорните во шумската полиција рекоа дека ќе постапат согласно законот за шуми за бесправно сечење дрва.

- Доста често има вакви случувања и прекршителите оставаат дрва на терен. Дрвата кои што се оставени на терен се бесправно исечени и нашата шумска полиција отишла на лице место во Мородвис и ги нашла дрвата и постапила согласно законот за шуми, односно ги одзела дрвата и направила записник. Граѓаните нормално дека се револтирани затоа што во последно време откако се зголеми цената на огревното дрво голем број граѓани пристапуваат кон бесправна сеча на дрва таму каде што ќе најдат. Случајот со Јангелов ќе оди во процедура и ќе има судска разрешница затоа што секое бесправно сечење на дрва мора да оди на суд, рече Иљо Стоименов, заменик командир на шумска полиција Кочани.

На судењето Јангелов треба да отиде со собрана петиција од жителите на Општина Зрновци со цел олеснување на судската процедура во негова корист, дека всушност се работи за чесен човек.

Стоименов им укажал на луѓето дека и тие самите треба да си бидат внимателни и доколку забележат бесправно сечење дрва од страна на крадци веднаш уредно да пријават во шумската полиција.Тој додаде дека постојано се оперира на разни терени посебно на Осогово и Плачковица и шумската полиција скоро секој ден пишуваат пријави за бесправно сечење дрва. Тешко се излегувало на крај со крадците затоа што не крадат сами туку доаѓаат со возило со други луѓе, брзо завршуваат со кражбата и си одат, а притоа го пратат и движењето на шумската полиција, но сепак вработените во Шумска полиција постојано се на терен и ги ловат прекршителите.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 215 гости и нема членови


web counter



qr code