Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trgovski centar10.02.2016  Сите сплотени со една единствена цел да му помогнат на Методи Митев од Кочани за да ги собере потребните средства за операција во Кина.

Музички настан ќе се организира в сабота на кој ќе настапат повеќе кочански групи и децата од фестивалот „Музички бранови“.

- На  13 февруари, сабота, во Трговскиот центар во Кочани ќе се одржи целодневен концерт за помош на нашиот сограѓанин Методи Митев. Ќе има поставено повеќе штандови од кои граѓаните ќе можат да купат производи и собраните средства ќе бидат наменети за Митев. Ќе настапат повеќе локални бендови и ви гарантираме добра забава. Затоа ајде да се собереме масовно и да му помогнеме на Методи Митев, рече Дарко Стојчев, член на групата „Кармаин“.

Методи Митев ги повикува сите хумани граѓани од Кочани да излезат масовно в сабота и да донираат во хуманитарни цели.

- Сакам и јас да дадам еден апел што поголем број граѓани да се вклучат во хуманитарниот настан затоа што секој денар што ќе го даруваат граѓаните ми е многу значаен за операцијата во Кина, рече Методи Митев.

Настанот ќе се одржи од 11 до 17 часот во трговскиот центар во Кочани, а граѓаните ќе можат да донираат со тоа што ќе купат производи што ќе се продаваат по симболична цена, а со парични средства ќе му помогнат и сите кафе барови и пицерии со тоа што ќе одвојат дел од прометот и ќе го донираат во хуманитарни цели за помош на Митев.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 174 гости и нема членови


web counter



qr code