Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

paneli15.08.2013  По искористувањето на геотермалната енергија за загревање, во Кочани започнува посериозно да се искористува и сончевата енергија за производство на струја.

Во близина на оранжериите во Долни Подлог започнаа да работат две централи со фотоволтаични панели, кои произведуваат струја со која би се задоволиле нормалните потреби на дваесетина домаќинства. На проектот за изградба на централите во Кочанско се работеше неколку години, со што се надминати почетните административни бариери за таков начин на комерцијално производство на електрична енергија.

Носител на инвестицијата вредна 10 милиони денари е фирмата “Солар Санс КМ“ од Скопје чиј сопственик и директор има кочанско потекло, што е една од причините централите да се лоцираат овде.

- На површина од близу 3000 метри квадратни поставени се две независни фотоволтаични централни од по 50 киловати, значи вкупно инсталирана моќност за двете е 100 киловати. Планирано е производство на годишно ниво од околу 14 мегаватчасови. Двете централи се независни затоа што имаат независни приклучоци една од друга кон дистрибутивната мрежа на ЕВН, рече Горан Паунов, директор на “Солар санс КМ“ - Скопје.

Опремата и за двете централи е идентична, само што различен е аголот под кој се поставени панелите, за да се види која позиција е оптимална за што поголема ефикасност во искористувањето на сончевата енергија.

Источна Македонија има најголем број електрични централи со фотоволтаични панели во државата, а според Паунов, Кочани треба да стане еден од центрите на т.н. зелена енергија.

- На овој дел има две централи во Делчево, во  Пехчево исто така две, во Кочани од лани има една, неодамна се изгради уште една, што значи дека сега оваа е трета, во Штип има една од 250 киловати, па се прошири за 700 киловати. Значи имаме скоро 1 мегават во Штип, но мислам дека и во Кочани нема да помине многу време за да го достигне тој капацитет што го има во Штип, до.дава Паунов

Централите со фотоволтаични панели во кочанскиот регион требало да бидат изградени од поодамна, но инвеститорот наишол на административни пречки за добивање соодветни урбанистички согласности, што се толкува како недоволно познавање на проблематиката за ваков вид објекти.

Дополнително, освен сончевата, ќе се користи и енергијата на ветерот за добивање струја за потребите на објектот во кој е сместена опремата за фотоволтаичната централа, со што капацитетот кај Подлог е единствен од таков вид во Македонија.

Т. Ајтовски

Сподели

paneli2paneli4paneli6paneli7paneli10

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: South при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code