Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ZAGUBI VODA oprema18.02.2016  Во тек е последната фаза од едно и полгодишниот проект за намалување на загубите од водоводната мрежа, во кој КЈП „Водовод“ е пилот-партнер. По практичната и теоретска обука за опремата со која ќе се мерат загубите што се одржува во Кочани, преостанува нејзиното ставање во функција што треба да се реалзира во краток период.

Станува збор за меѓународен проект што се спроведува со помош на Германската развојна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка, а чиј интерес е т.н. неприходувана вода во земјите на Југоисточна Европа.

Проектот ги опфаќа Македонија, Босна и Херцеговина и Косово и во секоја од нив е избрано по едно пилот комунално претпријатие.

Вкупната вредност на поддршката е близу 500 илјади евра, а опремата што ќе остане во “Водовод“ како пилот комунално претпријатие е вредна 45 илјади евра. Се очекува техничките уреди да ги зајакнат техничките капацитети во справувањето со загубите на вода во системот, а ова искуство нашето комунално претпријатие треба да го пренесе на комуналните претпријатија од целата држава.

- После доставата на опремата што вклучува сет од најразлични уреди за откривање на места на дефект, за трасирање на водоводната режа, за мерење на протоци, притисоци, откривање на затрупани капии, следи работа на терен во селектирана област во пилот зоната Кочани каде ќе се имплементира сето ова знаење стекнато на овие теоретски обуки. Значи, практично на терен ќе работиме на смалување на неприходната вода, т.е. физичките, техничките и комерцијалните загуби на вода, рече Бојан Ристовски, претставник на регионалниот консултант за загуби на вода.

На обуката присуствуваа и претставници на консултантот од Босна и Херцеговина каде проектот исто така е во завршна фаза.

- Ние како имплементатори ја ангажиравме компанијата “Сетек“ како консултантска фирма која ја извршува обуката и тоа на уредите што ќе ги добие вашето комунално претпријатие. Испораката на опремата треба да биде за 15-тина дена и потоа ќе остане во сопственост на “Водовод“. Целта е да се засилат капацитетите, односно да се зголеми свесноста за загубите на вода што се енормно големи кај сите три партнерски претпријатија. Покрај тоа, во секоја од државите, пилот претпријатијата ќе имаат и партнерски претпријатија, при што овде тоа ќе бидат комуналните претпријатија од Виница и Гевгелија, рече Кенан Ајдиновиќ, претставник на Аквасејф мрежата во Босна и Херцеговина.

Проектот треба да заврши до крајот на мај, а обуката за работа со опремата ја прават стручни лица од Австрија.

- Многу е важно учесниците, претставниците од комуналните претрпијатија да научат како да ги користат овие уреди затоа што загубите на вода се огромни, посебно во регионот на Кочани и нивното намалување треба да стане приоритет. Затоа една од целите на овој проект е токму да им ги приближиме овие уреди за да можат да ги користат и да ги намалат загубите, рече Дитмар Јух, тренер на обуката.

Пред пет години, со кредит од германската КФВ банка во Кочани се реализраше проектот за промена на водоводната инсталација во средна зона со што загубите се намалија на 46 отсто. Со новата опрема што ќе започне да се користи од средината на оваа година треба да се обезбеди откривање на загубите и активности за нивно намалување до прифатливо ниво или целосно отстранување.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code