Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sostanok ratko ponikva19.02.2016  Издавањето на новиот промотивен материјал за Пониква беше повод градоначалникот Димитровски да организира средба со сопствениците на објекти, што станува традиционална практика во последните неколку години.

Намерата е да се слушнат нивните мислења, забелешки и предлози за можностите да се унапреди нивото на услугите во рекреативниот центар. Истовремено, првиот човек на Општината побара помош од нив за заедничка промоција на можностите и ресурсите со кои располага Пониква, за да се привлечат што поголем број гости од земјата и странство.

Повеќето од присутните на средбата искажаа задоволство од соработката со Локалната самоуправа и од поддршката што ја добиваат, но имаше и мислења како да се подобрат условите што им се нудат на посетителите и да се заштити постојната опрема.

-  Имаме вила, а Општина Кочани нема донесено пропис за издавањето на вилата да плаќаме туристичка такса од човек, колку изнесува отприлика, 30-40 денари... Гаража да се направи, таа инвестиција што е доста скапа да се заштити таму некаде, да не ја фаќа сонце, да не пукаат цревата на ратракот, на топовите, ако може, јас имам забелешка малце на тоа.... Плаќам два данока, еден во Кочани, еден во Пробиштип, данок на имот, иако објектите не се наши, ние ги имаме земено под закуп и фирмарина, дупло, е сега... Каде што се фрла ѓубрето на паркиралиштето, тоа под итно да се среди, или да се загради, да се изнајде начин, таму коњите ги растураат контејнерите, додека да дојдат да ги соберат, тоа навистина многу лоша слика е, рекоа дел од присутните сопственици на објекти на Пониква.

Претставниците на туристичките агенции од Кочани имаа предлог како и сопствениците на објекти на Пониква да помогнат во подобрувањето на условите во рекреативниот центар.

- Сметам дека мора да се направи една динамика тие готови проекти, бидејќи има финансиска конструкција, да почне да се лобира преку фондови, од соработката со Бугарија, Европската Унија има фондови, за да ви се решат тие проблеми. Значи Општината ви има изработено готови проекти со финансиска конструкција, рече претставникот на туристичките агенции.

Според градоначалникот Димитровски, дадените предлози и мислења ќе бидат земени предвид, а Општината веќе изма изработено студии за решавање на дел од инфраструктурните проблеми.

- Едното е изработка на браните на Арамиска Чешма, а другото е изработка на водоснабдување на целиот потег, заедно го третираме и Кочани и Пробиштип. Значи, со посебна станица, со посебна разводна мрежа, со посебен приклучок на секој објект, ова што сега се прави комплетно треба да се исфрли. Третиот проект, што исто така е готов, е фекалната канализација, која е составена од два дела, затоа што е таква географската поставеност, на едната и другата страна, со две пречистителни станици, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Димитровски истакна дека дел од подобрувањето на условите за посетителите е и изработениот проект за изградбата на скијачка патека, што ќе биде продолжување на постојната патека број 3. Исто така, за новата патека треба да се постави уште еден ски-лифт, како и една жичарница со седишта, од паркингот кај месноста Аеродром до манастирот Свети Василиј. Вредноста на оваа инвестиција според проектот е околу 15 милиони евра и Општината се надева за неа да добие пари до Европските фондови.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code