Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat stip kocani19.02.2016  Подготвителните активности за изградба на експресниот патен правец Штип – Кочани се во завршна фаза, а пред да започнат работите на терен, неопходно е месното население да се запознае за точната локација каде ќе поминува новата сообраќајница.

Токму одржувањето на јавна расправа е можност да се претстават планираните површини земјоделско и друго земјиште за кое ќе се спроведе експропријација, беше речено на работната средба што се одржа во Општина Штип.

Со оглед што градежните работи ќе започнат во атарите на селата Три Чешми, Чардаклија, Долни и Горни Балван и Крупиште, првата јавна расправа на оваа тема се одржа токму за жителитие на овие населени места.

Од проектантскиот тим на фирмата „Чакар партнерс“ од Скопје рекоа дека експресниот пат низ атарите на штипските села ќе биде во должина од 14,3 километри, а делницата е наречена клучка „Ванчо Прќе“ и е дел од државната патна мрежа А3.

- Патот е со широчина од 11,4 метри, тоа е како патот што во моментов се гради од Велес до Кадрифаково. Јас би кажал дека ќе има подобра геометрија, подобри геометриски карактеристики, бидејќи во иднина оваа патна делница ќе прерасне во автопатско решение. Денес помалку ќе се разговара за техничките работи, а повеќе за експропријацијата на земјиштето со засегнатите страни на кои ќе им се одземе имотот, рече Бошко Цилаков, претставник од проектанската фирма „Чакар партнерс“ - Скопје.

Според проектантските пресметки, со изградбата на експресниот пат Штип - Кочани ќе се одземат од 350 до 400 хектари, од кои 75% ќе бидат државно земјиште, а останатите се земјоделско земјиште во приватна сопстевност. Решението за изместување на трасата од претходно планираната на постојниот пат ќе овозможи да се избегне поминувањето низ селата од регионот. Со тоа се зголемува безбедноста за месното население, но и за возачите.

- Трасата е поместена северозападно од постоечката траса од околу три километри, со заобикулување на населените места, и е доста поповолно. Значи во прв момент Чардаклија, а во втората делница што ќе се гради од Крупиште до Кочани, таму се заобиколуваат и Чешиново, Облешево, патот ќе гравитира во нивните атари, но нема да поминува низ самите села, додава Цилаков.

Должината на новиот пат ќе биде околу 28 километри, а на делницата од Штип до Крупиште ќе има десет патници и подпатници. На вториот дел од Крупиште до Кочани ќе има три мостовски конструкции и 10 патници и подпатници. Планирани се четири клучки, од кои првата е кај технолошко-индистриската зона кај Три Чешми, а, последната е пред Кочани, односно на местото на сегашната Подлошка крстосница, што дополнително ќе биде реконструирана и прилагодена.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 162 гости и нема членови


web counter



qr code