Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vesta zena201622.02.2016  Јулија Петрова со темата „Матурски костум “ ја воодушеви публиката со убаво украсената трпеза, покажувајќи ги своите вештини во кулинарството. Собра најмногу гласови од публиката и жирито и се закити со титулата „Вешта жена“ на Кочани за 2016 година.

Ќе го претставува градот на републичката манифестација во Тетово.

- Се чувствувам прекрасно што ја понесов титулата „Вешта жена“ на Кочани. Се претставив со темата „Матурски костум“ затоа што и дома имам матурант и од таму ми дојде идејата за да подготвам ваква трпеза. Ќе се потрудам достојно да го претставам Кочани на републичката манифестација во Тетово, рече Јулија Петрова , вешта жена на Кочани за 2016.

Годинава пет натпреварувачки и две за Гран при награда собраа храброст, одвоија време, вложија труд да подготват свечено украсени трпези што на крајот им се исплати. Според гласовите на жири комисијата што ja сочинуваат жени победнички на општински манифестации од повеќе градови од државата, освен победата, Јулија Петрова доби и прво место во категоријата „Општ впечаток“.

Прво место за „Декорација на главно јадење“ освои натпреварувачката Јаворка Стојанова со темата „Роденденска“. Во категоријата „Сервирање“ најмногу гласови доби Ратка Јованова со темата „Чоколадна фантазија“ . Прво место во категоријата „Декорација на десерт“ доби натпреварувачката Благица Павлова со темата „Зимска бајка“. Прво место во категоријата „Аранжирање салфета“ доби Јулија Карова со темата „За денот на вљубените“.

Признание и награди добија и двете натпреварувачки за „Гран при“ награда, Слаѓана Ханџиска Попова и Благица Делчева. Условот е претходно да имаат учествувано три пати на “Вешта жена“. Сите учеснички добија диплома од „Вешта жена“ и подарок од спонзорите, како и цветни аранжмани.

„Вешта жена“ годинава го одбележа својот јубилеј - 25 години постоење на манифестацијата. По тој повод, дипломи и награди добија и жени кои придонеле за Кочани. Награда за хуманост доби Ружа Стојмилова, Верица Митевска за најдобра медицинска сестра, која освен во Кочани истото признание го има добиено и на ниво на држава, и Билјана Петрова награда за најдобар наставник и ментор.

Самиот факт дека повеќе од 500 жени беа присутни на манифестацијата во ресторанот „Амор“, а имаше и добар одѕив за учество, потврдува колку таа од година во година добива на квантитет и квалитет и беспрекорност во делот на организацијата.

- Презадоволни сме од самата манифестација, годинава се одбележува и 25 години постоење на вешта жена. Имаме околу 600 гости и 7 натпреварувачки така што јас сум задоволна и од натпреварувачките и од амбиентот во ресторанот „Амор“ и секако од сите гости кои што се присутни тука, рече Марија Мишева, организатор на општинската манифестација.

-Вешта жена е една од најквалитетните женски натпреварувања во Македонија. Целта на манифестацијата е да ги соединиме жените од цела Македонија, да создадеме квалитетно дружење и љубов меѓу луѓето, истакна Снежана Стојановска, главен организатор на “Вешта жена“.

Водителка и годинава беше атрактивната Ирена Спировска.

- Она што оваа година го гледаме во Кочани навистина може да се опише со најубави зборови. Досега ваков интерес како што има во Кочани, имало само во Скопје кога се одржуваше во “Александар Палас“. 600 жени собрани на едно место, 5 натпреварувачки и две за Гран при мислам дека е кулминација на овогодишните општински натпревари, рече Ирена Спировска, водител.

За забавата се погрижија членовите на групата „Хармонија “, а на манифестацијата беа доделени и награди од спонзорите меѓу кои и главната награда патување за „Парга“ со вештите жени.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 108 гости и нема членови


web counter



qr code