Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zaev1 kocani25.02.2016  СДСМ е подготвен да оди на избори на 5 јуни со оглед што има доволен период да се прочисти избирачкиот список и да се средат другите обврски за одржување на предвремените парламентарни избори. Тоа е ставот на опозициската партија што лидерот Зоран Заев го искажа на средбата со граѓаните на Кочани.

Заев рече дека оваа недела им е посветена на младите и со нив ќе се разговара за перспективите што ги очекуваат, но и за проблемите со кои тие се соочуваат.

Исто така, тој ги коментираше и настаните поврзани со одлуката на Уставниот суд за законот за помилувања на осомничени лица за изборен криминал.

- Само да потсетам дека изборните грабежи, независноста на судството и партизираните институции беа главни причини за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд, Никола Груевски видливо и јасно ја призна вината на своите соработници за изборните измами. Одлуката на Уставниот суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски и луѓето околу него за сторените изборни измами. Одлуката на Уставниот суд истовремено охрабрува нови изборни измами и изборни грабежи. Зарем некој мисли дека ова вака треба да остане? Највисоките претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злосторничко здружување за изборна измама. Тоа е потврдено од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки, очигледно врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките и какви се докази поседува Специјалното јавно обвинителство. Никола Груевски се плаши од правда, се плаши од вистината и очигледно се плаши од одговорноста. Бегање од одговорност нема да има и нема да дозволиме за никого да има. СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал, ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж. Во ова време, вакви одлуки се срам за државата и ќе има непоправливи последици, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Заерв рече дека во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, а секој што ќе го прекрши законот ќе одоговара. Според него, работите се одвиваат во правец на одржување на изборите на планираниот датум 5 јуни, и СДСМ е подготвен на нив да учествува.

- Сите наши информации укажуваат дека ДИК, која е независен орган, ќе стигне навремено да го прочисти избирачкиот список, а тоа е 15 април, кога се затвора избирачкиот список, ќе се стави на јавен увид, граѓаните го користат своето право, политичките партии го користат своето право за увид во избирачкиот список. На десет дена пред изборите, тоа е 25 мај, се заклучува избирачкиот список и се става на гласање. Очекуваме дека нема да излезат некои непознати, нерешливи проблеми за Државната изборна комисија, за навремено да се заврши таа постапка, а истовремено очекуваме дека во многу скоро време ќе има регулација на медиумите, така што СДСМ е подготвен за победа, на 5 јуни промените во Македонија конечно ќе се случат, додаде Заев.

На средбата со граѓани по улиците на Кочани и во Трговскиот центар, Заев ги претстави видувањата на СДСМ за актуелните политички случувања и очекувањата на опозицијата. Притоа, рече дека дошол да го слушне мислењето на оние кои треба со својот глас да помогнат да се реши сегашната полтичка криза, затоа што нивната одлука е пресудна за судбината на државата.

T. Aјтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 155 гости и нема членови


web counter



qr code