26.02.2016 Две посериозни сообраќајни несреќи се случија за едно деноноќие во кочанскиот регион.
Најпрвин, во четвртокот околу 13 часот на локалниот патен правец Лешки - Кочани се превртела работна машина - валјак. Со машината од марката “хаман“ управувал 62-годишниот Љ.Н , кој претходно ја украл и се обидел со неа да избега. Меѓутоа во еден момент тој изгубил контрола над ваљакот и се превртел.
Во несреќата кочанецот се здобил со тешки телесни повреди односно скршеници на карлицата и ребрата, па по укажаната помош во кочанската Општа болница бил префрлен на лчекување во Клиничлката болница во Штип.
Валјакот со кој се превртел несреќниот крадец е сопственост на стремичката фирма “Жикол“ и бил ангажиран на изградбата на патот кон Лешки.
Попладнево пак, околу 14 часот на магистралниот патен правец Кочани – Штип, во близина на надвозникот кај село Облешево се случи втората посериозна сообраќајна несреќа. Во критичниот момент дошло до судир на две патнички возила, на кои налетале уште два автомобила што се движеле зад нив.
Од ударот две малолетни лица кои се наоѓале во едно од возилата, се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата во Кочани. Таму им бил констатиран потрес на мозокот, поради што со возило на итната медицинска помош се префрлени на лекување во Штип. Сите четири возила кои учествувале во судирот претрпеле различна материјална штета.
Неофицијално, според очевидци, причинител на судирот е трактор што го попречил движењето на возилата, но не учествувал во несреќата. Увид на местото на настанот направи екипа од Полициската станица од Кочани.
Т. Ајтовски