Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest vinica29.02.2016  Воведувањето сменско работење во основните училишта во општина Виница ги револтираше родителите на учениците од одделенска настава. Организираа протест пред училишните врати затоа што ваквата новина, што се воведува на последниот ден од февруари, не добила согласност од нивна страна.

Рекоа дека нема да дозволат нивните деца да посетуваат настава, затоа што надлежните не сакале да го слушнат мислењето на Советот на родители.

- Значи, имаше спроведено анкета со која 90 отсто, можам да кажам, од родителите не се согласуваат со одлуката, а освен тоа одлуката на Советот на родители не е ниту прифатена, ниту да се погледне, едноставно како да не постои Советот на родители, такво мислење имаме ние, рече родител.

- Советот на родители воопшто не ја одобрил оваа одлука и поради тоа беа определени членови од Советот на родители и од наставиците кои што требаше да контактираат со градоначалникот за да се објасни зошто оваа ненадејна одлука е токму пред крајот на школската година, ова се  два-три месеци до крајот на школската година. Градоначалникот воопшто нема контактирано со нив, а негов претставник контактира и требало да дојде до наредни средби за да се реши проблемот, рече родител.

Родителите велат дека учениците нема да ги реализираат и вонучилишните активности,  а ќе се прават и дополнителни трошоци во училиштата за затоплување, електрична енергија и слично затоа што наставата ќе се изведува до доцна попладне.

Одговорните во двете основни училишта во Виница велат дека воведувањето на сменско работење значи почитување на одлуките на училишните одбори донесени во ноември минатата година, во кои пишува дека измената ќе се спроведе во моментот кога ќе се создадат услови.

- Училишниот одбор донесе одлука со која е одлучено да се ротираат смените во училиштето и согласно со тоа, денеска, на 29 февруари, одлуката е стапена во сила и јас само ја почитувам одлуката на училишниот одбор во ОУ “Славчо Стојменски“ Виница. Наставата си тече нормално, малите се веќе на настава и така, рече Јордан Стојанов, директор на ОУ “Славчо Стојменски“ - Виница.

Градоначалникот Дончев кој е на службено патување, во писмена порака информираше дека е ненадлежен за целата постапка со сменското работење, а во протестите на родителите препознава политичко влијание.

- Во август минатата година добив иницијатива од група наставници и родители за ротација на смените во училиштата. Како ненадлежен, иницијативата ја предадов на училишните одбори, а откако тие донесоа одлуки и добија позитивно мислење од Советот на Општината, беа создадени сите услови согласно законот. Според мене, ова што се случува е класична манипулација со децата и има политичка позадина, истакна во писмена порака Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

За градоначалникот Дончев дополнителен аргумент за реализирање на одлуката е и тоа што скоро сите училишта во државата работеле двосменски.

Родителите рекоа дека ќе истраат на ставот целата работа да се преиспита, а жители на Истибања дури се заканија и со блокирање на магистралниот пат доколку изведувањето на наставата не остане на досегашниот начин.

Т. Ајтовски 

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 134 гости и нема членови


web counter



qr code