Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

uz vmro tribina03.03.2016  „Карцином – превенција и лекување“ беше темата на трибината што Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани ја организираше во салата на Мултикултурниот центар. Истата е организирана во соработка со Комисијата за здравство од ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани и поканети за присуство беа сите граѓани на општината.

- Оваа трибина ја организираме со цел да се подигне свеста кај населението за болестите кои што не демнат а тоа се карциномите кои се се почести. Со вакви трибини се надеваме дека ќе се подигне свеста кај населението и дека тие ќе знаат како да ги превенираат, рече Голубинка Ѓорѓиева, претседател на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Кочани.

Кога станува збор за бројка на заболени од карцином статистиката е поразителна. Затоа треба да се делува превентивно, велат лекарите.

-Во 2014 година од карцином во Македонија починале 3.730 лица што претставува некаде околу 19% од вкупниот број на починати лица во Македонија. Во однос на останатите држави во Европа, Македонија се наоѓа во средината во поглед на стапката на смртност по карциноми. Во Македонија најголема смртност има пресметано во Пелагонискиот и Скопскиот регион, а најмала во Полошкиот. Лидер од карциномите по смртност во Македонија е ракот на белите дробови и ракот на дојка, рече д-р Надица Јосифова, специјалист по детски болести.

Граѓаните на Кочани имаа можност да слушнат што се карциноми, како настануваат, кои се причините и ризик фактори за нивна појава, како се дијагностицираат, кои се тераписки модалитети и на крај повеќе за превенцијата. Вакви трибини Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ Кочани организира на секои три недели со цел превенција и заштита од болести.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code