Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Javen-Prevoz-204.03.2016  Градскиот превоз во Кочани ќе добие проширување на линијата, по улиците во населбата Усова Чешма. Таква одлука, неполн месец по јавно изнесеното барање, е донесена во Локалната самоуправа во договор со компанијата “Авто атом“ како давател на услугата.

Од Општината доставија писмено известување во кое стои дека од 15 март годинава автобусите на превозникот ќе започнат да возат и по улиците „Македонска“ и „Руен“, при што граѓаните ќе можат да користат три постојки.

За сега ова проширување на линијата е само привремено, односно ќе се изведува во пробен период од три месеци. Од бројот на патници што ќе го користат превозот, ќе зависи дали подоцна таквото решение ќе биде трајно или ќе се укине.

Во меѓувреме, Локалната самоуправа презема обврска прописно да ги обележи постојките со сообраќајни знаци и да го постави возниот ред.

Барањето на жителите на Усова Чешма да се обезбеди поминување на автобусите од градскиот превоз и низ нивната населба беше доставено како советничко прашање на седницата на Советот што се одржа во јануари. Од Локалната самоуправа ветија дека дека ќе се разгледаат можностите со постојната инфраструктура и доколку се поволни барањето ќе се реализира.

- Како што на предлог на вас советниците направивме измена и во населбата Оризари, ќе го разгледаме заедно со превозникот дали има услови. Мислам декла сега после асфалтирањето на овие улици, ќе го разгледаме и заендо со него, ако има услвои ќе го прифатиме, односно ќе го воведеме и таму, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Јавниот градски превоз во Кочани стартуваше во декември 2013 година. Иако првично се најавуваше дека ќе има пробен период од два месеци, тој беше пролонгиран на половина година. Цената на билетот е 10 денари, од кои уште толку покрива Општината, а должината на линијата е околу 15 километри.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code