Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kirco dimitriov04.03.2016  Поминаа 15 години од денот кога кај караулата во близина на селото Танушевци загина капетанот на АРМ Кирчо Димитриов.

По тој повод на неговата биста во дворот на Локалната самоуправа во Виница се одржа панихида, а беа положени и букети свежо цвеќе од страна на членови на неговото семејство, од претставници на Армијата, од Општина Виница и институции и ученици.

Организатор на одбележувањето беше Организацијата на резервни офицери на Македонија, при што нејзиниот претседател професор д-р Ѓорѓи Малковски подготви пригоден реферат како сеќавање на околностите во кои во борбата со припадниците на таканаречената ОНА во 2001 година дојде до загинувањето на капетанот Димитриов.

- Состојбата драстично ескалира во текот на март месец. И додека политичарите, власта, армијата и полицијата правеа разни анализи на теренот, без ефектот на задавање на завршниот удар, дотогаш ОНА започна сериозно да делува, нанесувајќи тешки загуби врз нашите безбедносни сили. Така, на 4 март, на преслапот Рамно, моторно воено возило нагазило на противтенковска мина. Загинаа капетанот Кирчо Димитриов од Виница и војникот Дејан Ефтимовски до Куманово. Судбината сакала само 15 минути подоцна во реонот на караулата Танушевци од снајперски истрел животот да го загуби војникот под договор Теодор Стојановски од село Драчево, припадник на единицата за специјални намени “Шкорпиони“. Кирчо имал 33 години, Дејан 26, а Теодор 24 години. Тоа беа првите жртви, херои на македонските безбедносни сили. Ова само покажува дека и понатаму политката не ја сфатила сериозно агресијата врз нашата татковина, рече Ѓорѓи Малковски, претседател на Организацијата на резервни офицери на Македонија.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на капетанот Кирчо Димитриов, ученици од основните училишта во Виница се претставија со кратки рецитали, а обраќање имаше и градоначалникот Емил Дончев.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 160 гости и нема членови


web counter



qr code