Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica208.03.2016  Месноста Салиова ливада во Виница е избрана како најповолна за реализирање на проектот “Купи куќа за млади“ за кој, според локалната власт, има голем интерес.

Освен оваа, Општината ги понудила и Падарница и Блажева падина како слободни локации на кои би можеле да се доделуваат парцели за градба на објектите за индивидуално домување, а од Министерството за транспорт и врски ја прифатиле споменатата локација.

Локалната самоуправа на Виница со уште 12 други општини од државата е дел од проектот што треба на младите лица да им овозможи полесно да го решат станбеното прашање.

Според градоначалникот Дончев, за локацијата што е понудена ќе треба да се изработи соодветен урбанистички план, а обврска на локалната власт е да ја реши потребната инфраструктура за населбата што ќе никне на овој локалитет.

- Некаде на околу 6 хектари површина ќе бидат сместени, односно вцртани околу 100 до 105 плацеви. Вкупните трошоци за изградба на инфраструктурата во оваа населба ќе бидат околу 35 милиони денари, од кои 90 отсто ќе финансира Владата на Република Македонија, а 10 отсто ќе бидат обврска што треба да ги финансира Локалната самоуправа. Деталниот план ќе биде изработен до крајот на годината, а ќе го работи Министерството за транспорт и врски, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Освен инфраструктурното уредување, обврска на Општината ќе бидат и останатите технички детали за комплетирање на проектот, односно огласувањето и продажбата на парцелите. По изработката на деталниот урбанистички план за месноста Салиова ливада, во втората половина на оваа година се очекува да започне изградбата на типскиата населба.

Инаку, во Виница интересот за проектот “Купи куќа за млади“ бил одличен, а во канцеларијата на Управата за имотно-правни работи подетални информации побарале над 100-на млади лица. 

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code