Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

odron310.03.2016  Огромен одрон од карпи и земја по втор пат за само една недела го прекина сообраќајот од Кочани кон Делчево. Околу 14 часот блискиот рид во месноста Драка се претвори во свлечиште што го прекри асфалтот.

Големата влага во почвата и непрекинатите врнежи од дожд се причина за нарушената стабилност на почвата, велат од “Македонија пат“. Нивна механизација била на терен во обид да го расчисти големиот одрон, но се повлекла поради тоа што камењата и понатаму паѓаат, а неопходна е специјална машина за кршење на карпите.

- Самата машина, утоварачот не може да ги помрдне, ќе донесеме багер кљукач кој ќе ги крши и истовремено ќе ги чистиме. Ќе биде донесен булдожер кој ќе ги турка кон Брегалница за да се создаде една платформа ако во случај падне повторно, да има место една девијација да се направи, рече Кире Коцев, раководител на подружница на “Македонија пат“

Возачите и дел од месното население кое се затекло на местото на одронот се оневозможени да се вратат во своите домови.

- Ни пешки не можам да си отидам, паѓа одозгора, не смееме да поминеме, овде погоре ми е куќата, а јас сум заробен, треба да заобиколувам 5 километри, рече мештанин.

- Колата ми е дома, тракторот ми е дома, јас морам да минам пешки и не ми е страв. Со возило не смеам, ниту со велосипед, морам да гледам во карпата и да минам, рече мештанин.

Како алтернатива, сообраќајот кон бугарската граница се пренасочува преку Берово, а патничките возила го користат и локалниот пат преку селото Бигла.

Со оглед што во текот на вечерните часови се очекува врнежите да продолжат, од “Македонија пат“ велат дека прекинот најверојатно ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code