Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

konkurs ureduvanje reka11.03.2016  Идејно-архитектонското решение за уредување на коритото на Кочанска Река што го изработиле авторите Мила Рориќ и Дејан Томски ја доби втората награда во висина од 37 илјади денари, што ја обезбеди Општина Кочани по претходно објавениот конкурс.

Третата награда во висина од 25 илјади денари и припадна на четиричлената млада екипа од фирмата Терраплан Партнерс од Гостивар во состав Ана Иванова, Муса Неџибе, Егзона Зендели и Ивона Крстеска.

Според стручната комисија составена од вработени во општинската администрација, едногласно било одлучено да не се додели прва награда затоа што не биле исполнети очекувањата за уредување на реката, соодветно на првичниот проект за третирањето на нејзиното корито што пред повеќе години го изготвил архитектот Ратко Лаловиќ.

- Неговиот проект доби награда пред колегите од целата фела во Република Македонија и на некој начин неговиот проект ни беше подлога да направиме избор во подготовката на проектниот програм што го обработуваа сега помладите колеги за кои јас посебно чувствувам гордост, да бидам една врска помеѓу генерациите кои одминале и генерациите кои доаѓаат, рече Александар Гицов, потпретседател на жиро комисијата.

Учесниците на конкурсот за уредување на коритото на Кочанска Река рекоа дека Општина Кочани е единствена во државата што се решила на ваков начин со јавен конкурс да бара идејни решенија од стручни лица. Токму затоа и предизвикот за младите архитекти бил поголем, а добивањето на наградите е само потврда за нивниот труд и обид да дадат придонес за естетско-функционалното уредување на дел до градското подрачје на Кочани.

- Водечката идеја на нашиот проект беше да ја приближиме реката кон граѓаните преку формирање контактни зони во рамки на нејзиното корито кои што добиваат различни содржини, а меѓусебно се поврзани со велосипедски и пешачки патеки. Анализата која што ја направивме на диспозицијата на речниот тек во однос на изградената средина во Кочани самата ни ги сугерираше намените кои ќе ги добијат тие зони, па соодветно на тие намени ние обработивме три зони кои што ги нарековме спортско-рекреативен комплекс, комплекс плоштад и комплекс култура, рече Мила Рориќ, добитник на втората награда.

Иако рокот за изработка на идејните решенија бил краток, сепак учесниците на конкурсот велат дека задачата не била многу тешка, при што се обиделе да дадат максимално функционални решенија.

Дел од третонаградениот тим на конкурсот е и младата Ана Иванова, која е од Кочани, и според неа најголем предизвик било решението за уредување на реката во централниот дел на градот.

- Тоа е дел каде што сите млади, а воедно и сите жители се собираат најмногу и најчесто, и затоа сметавме дека овој дел треба уште повеќе да го анимираме, секако не ги запоставивме и останатите сектори, бидејќи не е само центарот место на собирање. Ние, всушност, секој сектор го обработивме детално и во секој сектор анимиравме и интегриравме различни содржини и ги анимиравме сите старосни категории, рече Ана Иванова, добитник на третата награда.

По завршувањето на конкурсот и доделувањето на наградите, останува потешката задача за локалната власт, односно обезбедувањето пари за практична реализација. Беше речено дека за тоа се потребни големи средства за што постои можност да се користат фондовите на ЕУ или други меѓународни финансиски организации. Тоа значи дека реализацијата на избраните најдобри решенија се остава да ја остварат други раководни лица што би дошле во иднина.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code