Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poplaveni nivi ciflik14.03.2016  Постојано се зголемува водостојот на Брегалница која што поплави земјоделско земјиште, а се заканува да поплави и куќи. Посебно критични места се Чифлик, Облешево и Кучичино каде што водата доаѓа многу бргу и жителите стравуваат од поплави.

- Во моментот немаме поплавени куќи, но како што изгледа состојбата ќе бидат поплавени. Водата бргу надоаѓа и не фаќа паника, рече  Јордан Ангелов, жител на село Чифлик.

- Ако се прекопа можеби ќе се спасат некои куќи да не ги поплави, не знам што ќе биде, страв ни е да не се повторат ланските поплави, рече  Борислав Стефанов, жител на село Чифлик.

Општините обезбедија и пакувана вода за пиење за месното население и за училиштата, а механизација работи на терен. Инаку, реката Брегалница со излевањето го отсече селото Теранци и го поплави локалниот пат Облешево - Теранци.

Поплави има само на земјоделски површини, претежно оризови полиња. Инаку, од селото Мојанци и Грдовци целото земјоделско земјиште долж реката Брегалница е поплавено, се до Злетовска река кај Уларци. Одговорните од водостопанското претпријатие постојано се на терен и ја следат состојбата со браните Калиманци и Гратче и велат дека засега е под контрола.

- Браната Калиманци е на кота 515,50, дотокот е 67 метри во секунда, а на прелив е 49 метри кубни во секунда. Браната Гратче е на кота 465,21, дотокот е 4,8 метри кубни во секунда, а на прелив е 3,7 метри кубни. Имаме поплавено само земјоделски површини куќи се уште немаме. Состојбата будно ја следиме и понатаму, рече  Николчо Гоцев, раководител на АД „Водостопанство“ ПЕ „Брегалница“.

Временската прогноза вели дека и утре ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд се очекуваат в четврток.

Инаку, локалниот пат Долни Подлог – Облешево, што викендов беше затворен за сообраќај поради надојдените води, e оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила.

Т. Велкова 

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 163 гости и нема членови


web counter



qr code