Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bazen kocani101.04.2016  Како првоаприлска шега изгледа денес планот за покривање на градскиот базен во Кочани, што беше јавно претставен пред три години.

Токму за локалните избори во март 2013 година идејата за таквиот инфраструктурен зафат се најде во предизборната програма на градоначалникот Ратко Димитровски, што беше претставена како добро осмислен план за работа за наредниот период.

Дополнителна потврда за тоа дојде и од тогашниот премиер Никола Груевски, кој го посети Кочани и даде позитивна оценка и поддршка за програмата на градоначалникот во неговиот втор мандат.

- Во програмата на градоначалникот е зацртано да биде покриен, да биде затворен и да може да се користи во текот на целата година. Истовремено градоначалникот планира да донесе и топла вода што ќе се лади до оној степен до кој е потребно за да се регулира за базенот, за месеците кога ќе биде поладно. Таа е дојдена до тука, практично на 20 метри од базенот има цевковод на топла вода и мала инвестиција ќе треба за таа да се искористи и за базенот, рече поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски,  во март 2013 година.

Оттогаш Груевски во својство на премиер уште неколку пати дојде во Кочани, но веќе не го спомена планот за покривање на базенот во Кочани.

Инвестицијата што беше прикажана како капитална за развој на спортот и рекреацијата во градот, како да остана подзаборавена, а првиот човек на Општината на едно советничко прашање и не даде премногу оптимистички одговор.

- Не предвидуваме општински средства за покривање на градскиот базен, тоа стриктно стои и во програмата. Можно е и да остане нереализиран, доколку не се најде инвеститор кој ќе пројави интерес, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Пред три години тогашниот директор на Агенцијата за млади и спорт при посета Кочани рече дека е направен план од каде да се најдат пари за инвестицијата.

- Дел од средствата ќе бидат обезбедени од Владата на Република Македонија, дел ќе бидат од Општината, веројатно и дел од јавно-приватно партнерство, ќе излеземе со целиот концепт и ќе изнесеме поконкретни податоци. Сега е неблагодарно да се кажува колку ќе чини затоа што е потребно да се направи предмер и пресметка на самата инвестиција, да се направи проект, меѓутоа олимписките базени ако се градат од нула по најсовремени стандарди чинат некаде помеѓу два и четири милиони евра, рече Лазар Поповски, поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт.

Заедно со покривањето на базенот беше речено дека се планира да се оформи ватерполо клуб, а целиот простор заедно со тениските и другите спортски терени да прерасне во рекреативен центар што би му се понудил на инвеститор со кој Општина Кочани би влегла во партнерски однос.

Три години подоцна базенот е без кров и ги чека топлите летни денови за да проработи според вообичаената тридецениска дневна шема.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code