Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo304.06.2013 Навивачката група ,,Сејмени" го повикува тековното раководство на ФК „Осогово“ да организира годишно собрание на кое ќе поднесе финансиски извештај за време на нивниот период во клубот и давање неотповиклива оставка.

Финансискиот извештај “сејмените“ го бараат затоа што биле сведоци дека поради нивните реакции кон Советот и Локалната самоуправа, средствата што се доделуваат на ФК „Осогово“ биле значително зголемени, односно од 180.000 денари во 2012 на 440.000 денари во тековната 2013 година. Сакаат да знаат каде се потрошени парите кога, како што велат, играчите се жалат затоа што биле изманипулирани неколку пати и не зеле ниту денар за превоз, плати или премии.

Извештајот го бараат затоа што раководството немало никаков трошок за котизација, премии, ниту пак за брисовници или регистрација на нови фудбалери.

Бараме финансиски извештај, се вели понатаму, затоа што вие како раководство на економот на фудбалското игралиште му должите три плати (пари кои веќе ги имате подигнато од Локалната самоуправа). Неотповикливата оставка, стои подолу во дописот, се должи на вашите резултати и ветувања во есенскиот дел кога од наша страна ви беше дозволено да раководите со клубот под услов дека ќе се борите за прво место, дека ќе донесете странски инвеститор, финансиска и организациона сигурност, квалитетни подготовки и ред други работи.

Сите бевме сведоци дека ништо од тоа не се оствари и вие самите кажавте дека доколку не го остварите тоа ќе си одете од клубот - категорични се сејмените кои исто така бараат целосно расчистување на случаите за кои раководството обвинувало дека некои играчи местеле натпревари и прашуваат дали тоа навистина се случило или барале само изговор за да не им го дадат тоа што им го ветиле.

Г. Лалов

Сподели

sejmeniuprava

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code