Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

most19.08.2013  Нов мост на Брегалница кај селото Истибања беше пуштен во употреба викендов.

Изграден е по иницијатива на бизнсименот Пано Христов, кој долги години работел во странство, а пред извесно време се вратил во родното село.

Забележал дека селаните не ги обработуваат нивите од другата страна на реката, затоа што тешко им било поминувањето низ длабоката вода.

Затоа решил сам да инвестира во градбата на мост што ќе може да издржи поголема тежина и ќе има подолг век на траење.

- Мислам дека мостот и 50 години ќе се користи. Долг е 18,5 метри, 2,5 метри е широк, сопствената тежина врз раклите му е 22 тони. Наменет е да поминуваат празни трактори со плугови и коли. Мене ме чинеше околу 6 илјади евра и не ги жалам парите, затоа што со градежниот инженер имавме свои идеи, па излезе толку евтино, рече Пано Христов, инвеститор на мостот.

Но, Христов не застанува овде. Веќе размислува за нови објекти што би биле од корист за сите жители на Истибања.

- Еве сега работиме за мини бања да направиме, имам јас свое место и ќе го доделам ако нема друго, тоа ни е целта. И планираме долу кај бањата да направиме уште еден ваков мост, но очекував дека и луѓе кои  се моќни ќе помогнат нешто, за жал нема волја, додава Христов.

За изградбата на мостот во еден дел помогнала и Општина Виница од каде се донирани 9 кубни метри бетон, а помош со работна рака дале и жители на Истибања.

Во конструкцијата на мостот се употребени челични носачи, а техничкиот надзор при изградбата на објектот го вршел градежен инженер од селото.

- Објектот претставуува армирано-бетонски мост со два отвори, едниот е армирано-бетонска греда, а другиот е зајакнат  со челична шасија, така што издржува тежина од околу 1,5 тон најмалку, со извесна гаранција и за повеќе, но за секоја сигурност се задржува на 1,5 тон со брзина на движење од 10 км на час, рече Методи Стоилов, градежен инженер.

Жителите на Истибања се задоволни што добија објект што ќе им помогне полесно да ја преминуваат реката и да ги извршуваат земјоделските работи.

- Голема среќа е што ете, Пано Христов дојде во пензија и желба му била да направи мост, ги спои полињата. Преку тој  мост може да поминуваме и кога има и кога нема вода во реката, за селото ќе биде од голема радост оти имаше многу потреба, рече Љубе Захариев, жител на Истибања.

По повод пуштањето во употреба на мостот селаните организираа пригодна прослава со музика и заеднички ручек.

Т. Ајтовски

Сподели

most3most4most5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 164 гости и нема членови


web counter



qr code