Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocev25.04.2016  Константин Коцев е млад лекар од Кочани кој по дипломирањето на Медицинскиот факултет во Белград близу две години се обидува да најде вработување во здравствените установи во Македонија.

Затворените врати на кои наишол го натерале на сопствен трошок да го продолжи школувањето како специјализант по радиологија, област во медицината за која во нашата држава нема доволно стручен кадар.

Иако се пријавил на конкурсот на Министерството за здравство за добивање поддршка од државата за своето доусовршување, бил одбиен без објаснување дека се примале само лекари кои специјализираат во Македонија. За да биде апсурдот поголем, бил повикан да полага стручен тест и тест по англиски јазик, а на крајот имало известување дека се примени 90 специјализанти, иако имало место за повеќе од 200.

Сепак, Коцев не се откажува од идејата да се врати во својата земја за да им помага на македонските граѓани.

- Како интелектуалец, за кој Република Македонија не одвоила ниту еден денар за неговото високо образование, сметам дека најголемиот успех не е да се побегне од оваа држава, туку да и се помогне сега, во овој момент, јас бев спремен тоа да го сторам и како општ лекар, повеќе од година и половина бев во Република Македонија и барав работа, но без успех. Поставувам јавно прашање, до надлежните во Општина Кочани, до Советот на Општина Кочани и здравствената комисија при Општина Кочани, дали имаат информација колку наши луѓе се на специјализација секаде во светот, дали имаат стратегија за развој на здравството во општина Кочани и каков квалитет на здравствена заштита ќе се пружи на населението во општина Кочани, рече Константин Коцев, лекар, специјализант по радиологија.

Со оглед што има потреба од стручен кадар, и Општата болница од Кочани објавила конкурс за специјализација на радиологија, но од Министерството за здравство Коцев бил убедуван дека нема право да конкурира на овој конкурс поради тоа што специјализира во странство.

И наместо да се добие лекар специјалист кој наскоро треба да заврши, болницата треба да чека 4 години за лекар кој ќе се доусовршува во Скопје или Штип, во замена на Универзитетот во Белград, кој е најдобро рангиран на Балканот според најновата Шангајска ранг-листа.

- Ако се изразиме со спортски речник, сите ние сме фудбалери, сите трчаме по топка и даваме голови, но никој не треба да се најде навреден поради фактот дека фудбалот што се игра на селски терен и фудбалот што се игра на теренот на Вардар и Пелистер или на терените на Баерн и Реал Мадрид не е ист. Знаете, кога се прави тимот на светот во него игра Зинедин Зидан, така што можеби тоа е најпластичната компарација помеѓу квалитетот во фудбалот и квалитетот во медицината, додава Коцев.

Коцев во моментот е во Белград да ја доврши специјализацијата, иако останува со куп неодговорени прашања. Меѓу нив се и дали во Македонија квалитетот е смртен грев и во што треба да се претвори еден разочаран млад патриот?

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 64 гости и нема членови


web counter



qr code