Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

veligden crkva03.05.2016  Службите во кочанскиот храм започнаа од Велики четврток кога се читаа часови на 12 страдални евангелија и се отслужи вечерна со Василиева Литургија.

На Велики петок или кај народот познат како распети петок се читаа Царски часови, се отслужи вечерна со полагање на светата плаштаница, утрена со статии и оплакување на Исус Христос.

На Велика сабота се служеше вечерна со Василиева литургија и полноќница со биење на камбаните. Кочанскиот храм посветен на „Св. Вмч. Ѓорѓи“ и годинава собра голем број верници за дочек на Христовото воскресение. За прв пат оваа година во кочанскиот храм директно од Ерусалим беше донесен Благодатниот оган. На самиот ден Велигден во неделата се отслужи Златоустова литургија со читање на светото евангелие на разни јазици. На вториот ден Велигден Архиерејска воскресенска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички Иларион кој на верниците им го честита празникот над празниците Воскресението Христово.

На третиот ден Велигден се отслужи утрена со Златоустова литургија и празнична вечерна. Од кочанскиот храм „Св. Вмч. Ѓеорги“ најавуваат служење Златоустова литургија и водосвет на 6 мај кога се празнува празникот Источен петок Балаклија и Ѓурѓовден, кога е и храмова слава на кочанската црква.

Т. Велкова

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 100 гости и нема членови


web counter



qr code