Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protesti oblesevo zemjodelci05.05.2016  Земјоделците производители на ориз од регионот му даваат поддршка на граѓанското движење “Протестирам“. Во средата доцна попладне повторно излегоа на протест во Облешево и ја блокираа едната сообраќајна лента на магистралниот пат Кочани – Штип.

Со испишана порака “Никогаш повеќе ваква власт“ рекоа дека сакаат уште еднаш јавно да го искажат незадоволството од однесувањето на надлежните во Министерството за земјоделство од каде немаат одговор дали ќе се изврши интервентен откуп за државните стокови резерви.

Земјоделците се уште го чуваат оризот од минатогодишната реколта, а веќе прават нови задолжувања поради трошоците за сеидбата за оваа сезона.

- Еден апел најпрво до министерот Цветков, до Подрачната единица на Министерството за земјоделство и до градоначалникот на Општина Кочани под итно да преземат активности околу откупот на кочанскиот ориз и да ја видат состојбата по која цена турската компанија “Леивидиагро“ го откупува кочанскиот ориз. Овие земјоделци собрани тука ги интересира зошто не си ги откупува своите дадени семенски материјали од турските семиња, туку увезува сега од Италија и Бугарија со назнака на пакувањето кочански ориз на странските наши пазари во Косово, Босна, во Србија, рече Зоран Борисов, потпретседател на Здружението на оризопроизводители“Бело злато“.

Земјоделците кои протестираа рекоа дека не се сеќаваат оти состојбата со оризопроизводството во кочанскиот регион порано била на толку ниско ниво, а тие никогаш не се чувствувале толку понижени и оштетени.

- Кочанскиот ориз пропадна на нула, жално е ова. Па, не треба тука да штрајкуваме, ние ќе се организираме сега, штрајк пред турската фирма, пред турската компанија и да си оди за Турција, не ни треба тука, не ни треба таков преработувач на нас, тој не е преработувач, тој е погребник на кочанскиот ориз, рече земјоделец од Облешево.

- Со овие цени и со оризот, и со пченката и со грозјето, на земјоделието треба да му се стави крст и да се забрани во Македонија некој да се бави со земјоделие. Не оди вака, треба да се седне на маса, да се разгледаат можностите, да појде земјоделието напред или никој да не се занимава со земјоделие. Па, младите ни бегаат од Македонија, никој не сака да се занимава со земјоделие, рече земјоделец од Чифлик.

- Го донесоа народот да проси за леб и сега си играат со него како што сакаат. Еве, ќе ги враќаат во село граѓаните, ќе видиме, добро ќе биде. Гледаш ли од една крава колку пари ќе му останат на Грујо, 172 илјади, добро е, а овде пазарите ги затворија и не може човек и две прасиња ако има да ги продаде. Не бива, ништо не бива од оваа држава, рече земјоделец од Облешево.

Блокадата на патот што ја организираа земјоделците траеше околу еден час и се помина во мирна атмосфера. Рекоа дека дел од нив, и покрај лошата состојба во која се наоѓаат, се исплашени од реваншизми, па не им се придружиле на протестот. Сепак, не се откажуваат од своите барања и ќе продолжат јавно да го манифестираат незадоволството на сличен начин.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 127 гости и нема членови


web counter



qr code