10.05.2016 Неуспешен бил обидот на лице од Кочани да оствари заработувачка со нелегален транспорт на мигранти од Блискиот Исток кои имале намера да го продолжaт патувањето кон западноевропските земји.
Во понеделникот околу 22 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на делницата во близина на Валандово мешовита патролна полициска екипа запрела патничко моторно возило марка “рено 19“ што го управувал 21-годишниот А. В. од Кочани.
На полицајците им било сомнително што автомобилот со поголема брзина од нормалната се движел без регистерски ознаки, по што било побарано да се направи контрола.
По запирањето било откриено дека во автомобилот освен возачот се наоѓале уште 11 патници, односно мигранти од Иран.
Со оглед што тие нелегално влегле во Македонија и притоа се обиделе да транзитираат низ државата биле приведени во Полицската станица во Валандово, и заедно со возачот од Кочани се предадени за понатамошна законска постапка.