Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protesti 9den118.05.2016  Граѓаните од Кочани кои им даваат поддршка на движењето “Протестирам“ и на “Шарената револуција“ не се откажуваат од јавното искажување на незадоволството од актуелната политичка состојба во државата.

Излегоа на најавениот протестен марш по улиците во централното градско подрачје и со транспаренти и повици “Не ви се плашиме“, “Оставка“ и “Придружи се“ јавно реагираа против одлуката да се организираат парламентарни избори на кои ќе учествува само една политичка партија.

Потоа кај скалите на Трговскиот центар се одржа мирен собир на кој неколкумина говорници ги пренесоа барањата на движењето “Протестирам“.

- Не им се плашиме, се додека дишиме не им се плашиме. Не им се плашиме затоа што вистината е кај нас, тие ја имаат лагата, измамата и криминалот. Ние сме тука сите чесни граѓани на Република Македонија, во секоја педа, во секое село. Не им се плашиме, треба да им кажуваме дека не им се плашиме и дека нема да има избори. Не може да има избори ако немаме избор.... Откако знам за себе кога ќе ми дадат две, три, пет работи, тогаш ми велат еве ти избор, избери си. А кога ќе ми дадат само една работа, тогаш ми велат, е сега немаш избор, тоа е. За каков избор тогаш можеме да зборуваме во овие таканаречени избори кои што се подготвуваат за 5 јуни… Се согласувам со Гордана Јанкуловска кога вели, како што сме почнале сите ќе завршиме во затвор. И ќе завршите во затвор, ќе завршите сите во затвор, затоа сме овде, нема правда, нема мир, рекоа говорниците на протестот.

Како гости на протестот беа и членовите на нововформираниот “Белизе бенд“ кои исполнија неколку преработки на познати македонски песни.

Протестот помина без инциденти, а организаторите најавија дека повторно ќе излезат на улица викендов, за кога се очекува помасовно присуство на незадоволните граѓани кои го поддржуваат движењето “Протестирам“.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code