Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat kocani-delcevo19.05.2016  По завршувањето на подготвителните работи и изработката на техничкиот проект, започна реконструкцијата на магистралниот пат А3 на делницата од Кочани до Делчево.

Постојната сообраќајна делница не ги задоволува барањата за брза и безбедена конекција на локалното население, како и на другите учесници во сообраќајот.

Со оглед што патниот правец е изграден пред околу 50-ина години и до сега немало позначителни интервенции, на коловозот има оштетувања од голем обем, вклучувајќи надолжни и попречни пукнатини, како и многу дупки. Градежните работи за реконтрукција ги изведува компанијата “Гранит“ од Скопје.

- Почнато е со припремни работи, поставување на сигнализациона опрема и почнување со пристапен пат за патот да не биде затворен за време на работата. Ова е главното свлечиште што ќе биде санирано, а другите ќе бидат санирани со мрежи во еден, два и три слоја, во зависност од карактерот на свлечиштето. Реконструкцијата е планирана да се заврши за 16 месеци и целиот пат ќе биде обновен од делницата Превалец до делницата Делчево, со нов асфалтен слој, проширување на дел од мостовите кои се тесни и проширување на дел до патот, каде што е можно, на кривините, рече Љупчо Стаменков од АД “Гранит“ - Скопје.

Реконструкцијата на патот се планира да биде поделена на два подделници, при што првата е од месноста Превалец до браната Калиманци, со должина од 14,5 km, а втората е од Македонска Каменица до почетокот на рехабилитираниот дел, пред Делчево со должина од 15,5 km. Притоа, постоечкиот пат ќе се санира во три нивоа: јакнење на коловозната конструкција за задоволување на бараната носивост и изградба на долен и горен слој.

Финансирањето на целиот проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции, односно со кредит од Светска банка.

Т. Ајтовски

Share

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code